header image

Прогласени најдобрите банкарски службеници за 2022 година

1. 11. 2022

 

Прогласени најдобрите банкарски службеници за 2022 година

 

На 31.10 МБА - Македонската банкарска асоцијација по повод Светскиот ден на штедење го организираше традиционалниот настан на кој се прогласуваат најдобрите банкарски службеници за 2022 пред присутните Министер за финансии, Гувернер на НБРСМ, Директор на Фонд за осигурување на депозити, членовите на Управните одбори на Банките и штедилниците и други еминентни гости.

Како празник за банкарскиот сектор, Светскиот ден на штедење го одбележуваме со цел нагласување на значењето на депозитите како двигатели на економијата но и на банките како традиционално доверлив дом за заштедите на граѓаните и компаниите.

Колегите кои оваа година го понесоа признанието „Најдобри банкарски службеници“ од Стопанска банка АД - Скопје се:

  • Елизабета Трајаноска, Раководител на служба за продажба, Филијала Охрид
  • Анета Тодоровска, Раководител на служба за продажба, Филијала Веро2
  • Стојанче Крстов, Советник за продажба, Филијала Штип

 

На колегите им честитаме за признанието и се надеваме дека ќе биде дополнителен поттик во развојот на нивните кариери. Дополнително, им благодариме за посветеноста, трудољубивоста и професионалноста со која го достигнаа ова признание, меѓутоа и признанието од своите соработници и колеги. Со посветеност и интегритет, овие колеги придонесуваат кон корпоративната култура која ја градиме низ годините и со која се гордееме.

Стопанска банка АД - Скопје
На ваша страна

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња“ кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата“. За други опции, одете во „Поставки за колачиња“. Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство.