header image

Прогласени националните прваци во Microsoft Office и Adobe Professional

23. 6. 2023

 

Прогласени националните прваци во Microsoft Office и Adobe Professional

 

Ги добивме националните претставници кои ќе се натпреваруваат на светските Microsoft Office Specialist и на Adobe Certified Professional натпревари во јули во САД.

Успешната приказна која ни носи национални MOS и ACP шампиони, продолжува седма година по ред. Денес, во просториите на Семос едукација, во организација на Certiadria, се одржа големото финале од проектот за унапредување на дигиталната писменост на младите од 13 до 22 години. Ги добивме националните шампиони кои ќе ја претставуваат Република Северна Македонија на светските натпревари во Орландо, Флорида, САД:

  • Леонид Петковски од Куманово е Microsoft Office Specialist
  • Дамјан Димовски од Гимназијата “Јосип Броз - Тито“ од Скопје е Adobe Certified Professional шампион

Ова е најмасовен натпревар во светот со повеќе од 1 милион положени испити годишно, кој се организира во повеќе од 100 земји во светот. Сите учесници кои успешно ги положија испистите се стекнаа со глобално признаени Microsoft и Adobe сертификати.

Нашиот Стефан Пепоски, Директор на Сектор за картични производи и директно банкарство при прогласувањето на националните шампиони изјави:

“Во име на Стопанска банка АД - Скопје ги поздравувам учесниците на денешниот натпревар и на сите подеднакво им честитам за успехот што го постигнале за да бидат денес дел од ова големо финале.
Посебни честитки за менторите и денешните победници кои се изборија да бидат дел од светското натпреварување закажано за месец дена отсега во Соеднитетите Американски Држави. За нас, претставува посебно задоволство да стоиме во поддршка на младите кои во овој, пред се дигитален свет, мора постојано да вложуваат во себеси, да се обидуваат да се афирмираат и да напредуваат за да создадат одржлива иднина за себе и за своето окружување. Се надеваме дека овие ученици присутни тука денес ќе продолжат да инвестираат во својата едукација и во иднина ќе бидат дел од локални решенија и успешни приказни со кои ќе ја движиме државата напред.
Би кажал тука и дека наѓите врати се отворени за такви кандидати за идно вработување бидејќи Стопанска банка АД - Скопје е компанија со амбициозни, вредни и креативни вработени со изразен тимски дух.“

Честитки на организаторите, Семос Едукација, Certiadria и поддршката која Град Скопје и Град Куманово ја обезбедува за што е можно поголем број ученици да имаат прилика да учествуваат во натпреварувањето кое продолжува веќе од следниот месец за циклусот национални MOS/ACA натпревари 2023/24.

Пријавувањето се врши на www.mosnatprevar.mk и www.acanatprevar.mk/#natprevar

 

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња“ кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата“. За други опции, одете во „Поставки за колачиња“. Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство.