header image

Продолжува акцијата „Зелен ѕид“ со втора, пролетна фаза

29. 3. 2023

Продолжува акцијата „Зелен ѕид“ со втора, пролетна фаза

 

Продолжуваме со реализацијата на најголемиот зелен проект досега „Зелен ѕид“. Додека првите 380 дрвја насадени во ноември веќе почнуваат да раззеленуваат, од денес екипите на ЈП „Паркови и зеленило“, по налог на Град Скопје ќе засадат нови 300 зрели високи садници дрвја од видот: липа, црвен даб, багрем, јавор, црвен јавор и прунус и дополнително 1.200 ниски украсни зеленила кои Банката ги донира за потребите на ЗОО Скопје.

Со втората фаза опфатен е следниот потег на пешачката патека покрај Кејот на Вардар, од Националната арена „Тоше Проевски“ до мостот „Близнак“.

 

Изборот на садниците, периодот на садење, почвата и начинот на нивно одржување се подготвени во соработка со стручни лица при Факултетите за шумарство и за земјоделство со цел максимална успешност на садниците и нивно брзо вклучување во трајното зеленило на Градот.

Секој чекор направен во правец на зголемување на зеленилото во урбаните средини придонесува за подобрување на квалитетот на воздухот и ја подобрува животната средина за сите. Токму затоа, Стопанска банка АД - Скопје го продолжува проектот „Зелен ѕид“, со поддршка од своите вработени во создавање подобро утре за сите.

 

Стопанска банка АД - Скопје
На ваша страна

 

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња" кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња" давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата". За други опции, одете во „Поставки за колачиња". Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство. За повеќе информации, посетете ја нашата Политика за колачиња.