Повик за грантови и најава на проектот „Сонуваме. Менуваме“ vol. 6
3.12.2024
Повик за грантови и најава на проектот „Сонуваме. Менуваме“ vol. 6
По повод 3 декември - меѓународниот ден на лицата со попреченост и како нераздвоен дел од проектот „Сонуваме.Менуваме“, Стопанска банка АД - Скопје повторно ќе додели грантови на асоцијациите на лица со посебни потреби за реализација на конкретни проекти со кои се поттикнува инклузијата на децата со посебни потреби и се подобруваат условите во средината во која учат и живеат.
На јавниот повик за доделување грантови може да се пријават сите асоцијации на деца со посебни потреби, со инвалидитет или периферни оштетувања. Организациите треба да аплицираат со конкретни проекти кои опфаќаат поголем број деца, овозможуваат континуирана работа со нив преку нови едукативни, инклузивни или физиотерапевтски методи или пак овозможуваат нивна поголема слобода при движењето и извршувањето на секојдневните активности.
Испратените проекти треба да содржат информации за целната група, времетраењето на проектот, целта и очекуваните резултати, буџетот за реализација, како и за носителот на проектот (апликант, асоцијација, здружение и сл.). Проектите, заедно со контакт податоците, треба да се испратат најдоцна до 20 декември 2024 година, на мејл адресата csr@stb.com.mk со назнака „Предлог проект за грант: Сонуваме.Менуваме 2024“.
Проектите ќе ги евалуира посебно формирана комисија од Стопанска банка, а избраните проектите кои добиле финансиска поддршка ќе бидат објавени на 29 декември 2024 година.
Кампањата “Сонуваме. Менуваме“ своја кулминација ќе достигне повторно со театарско/музички спектакл кој ќе се прикаже во МНТ на крајот на овој месец.
Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна