header image

Поставени 60 cash-in банкомати

7. 11. 2023

 

Поставени 60 cash-in банкомати

 

Стопанска банка АД - Скопје веќе постави 60 нови банкомати на кои клиентите можат да уплаќаат готовина во било кое време, идентификувајќи се со нивните платежни картички на чија сметка се евидентира уплатата.
Користењето на услугата за уплата на готовина е бесплатно за клиентите на Банката, едноставно е и се реализира во само 3 чекори. Може да се уплаќаат исклучиво денари и до 100 банкноти одеднаш.

Бесплатни уплати можат да прават и фирмите (правните лица) кои се евидентираат како уплата на дневен пазар а се вршат преку Business картичка која доколку ја немаат се издава во брза и едноставна постапка преку филијалите на Стопанска банка.

Средствата се веднаш на располагање доколку уплатата се прави со дебитна картичка на физичко лице. За кредитните картички и за уплатите од правни лица со помош на бизнис картичките, уплатените средства се достапни во рок од 1 час од уплатата ако таа е извршена во работното време на платниот промет, во спротивно средствата ќе бидат достапни следниот работен ден.
Со можноста за уплата на готовина на повеќе од 60 нови локации кои се достапни 24/7 Банката значително ги приближува своите услуги до клиентите и овозможува поголем избор и слобода.

Локациите на банкомати на нашата веб страница се дополнително означени за банкомати со cash in функционалност. Дополнително, тие уреди се и видливо обележани за да се разликуваат од другите.
Најголемиот дел од банкоматите во филијалите ја имаат cash in функцијата па колегите од филијалите ќе можат на клиентите полесно да им ги презентираат новите услуги.

Во градовите надвор од Скопје, банкоматите со можност за уплата (cash-in ATM-и) се наоѓаат во рамките на СБ филијалата, а дополнително во Тетово банкомат со Cash-IN функција има и во Веро Џамбо маркетот.
Во продолжение е листа на банкоматите во Скопје:

Skopski Bankomati Novi

Дознајте повеќе за услугата од информативниот леток и видео презентацијата изработени за оваа намена.

Стопанска банка АД - Скопје
На ваша страна

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња" кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња" давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата". За други опции, одете во „Поставки за колачиња". Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство. За повеќе информации, посетете ја нашата Политика за колачиња.