header image

Покровителство на значајни културни настани

14. 7. 2021

 

Покровителство на значајни културни настани

 

     

Стопанска банка АД - Скопје и оваа година застанува на страна на културата и на страна на традицијата преку покровителството на НУ Охридско лето и на манифестацијата „Галичка свадба“.

Преку постојаната поддршка за проекти и настани од огромно значење за нашата култура ја демонстрираме нашата заложба и грижа за заедницата и нејзините традиции и вредности.

Охридско лето оваа година го има своето 61 издание и во периодот од 12 јули до 12 август ќе донесе голем број концерти, претстави и перформанси. Повеќе за програмата и билетите дознајте на веб страницата на НУ Охридско лето.

Галичка свадба оваа година се одржува од 17 - 18 јули во полн сјај, со сите традиционални обичаи. Катерина и Филип се младиот брачен пар кој оваа година ја има честа да бидат домаќини на настанот. Им посакуваме среќа, слога и љубов и секако успешна реализација на традиционалната Галичка свадба. Повеќе информации за настаните и програмата во Галичник дознајте на Facebook страницата на Месната Заедница Галичник.

Продолжуваме да градиме, создаваме, поддржуваме и остваруваме заедно, но притоа не заборавајќи на јавното здравје. Оттука нашиот апел е до сите учесници и посетители на културните настани да ги применуваат мерките за заштита и да се грижат за себе и за своите најблиски.

 

Стопанска банка АД - Скопје
На ваша страна

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња" кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња" давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата". За други опции, одете во „Поставки за колачиња". Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство. За повеќе информации, посетете ја нашата Политика за колачиња.