header image

Отворена регистрација за “Вози право, вози здраво“ vol. 7

18. 5. 2023

 

Отворена регистрација за “Вози право, вози здраво“ vol. 7

 

Со задоволство го најавуваме седмото издание на Вози право, вози здраво нашиот најголем и најдраг општествено одговорен настан со кој промовираме велосипедизам како форма на урбан транспорт и директно влијаеме на подигнување на јавната свест за предностите кои замената на автомобилите во секојдневниот транспорт ги има за животната средина.

Накратко, во недела на 28.05 го ослободуваме центарот на Градот од сообраќајниот метеж и правиме вистински метеж од над 8.000 учесници секој на свој вид тркала: велосипеди, трицикли, тротинети, ролерки, скироли а добредојдени се и колички за бебе :)

Стартот е од Порта Македонија во 11* часот а целта е во Градскиот парк каде не очекува дополнително освежување, забава и вредна лотарија.

Регистрацијата е отворена на нашата веб страница и можете да се пријавите за учество најдоцна до 27 мај.

Веќе од 22 мај да си ги подигнете и редните броеви. Оваа година, локација за подигнување на редните броеви е Стопанска лизинг, на ул. Македонија веднаш до спомен куќата на Мајка Тереза.

Следете ги нашите профили на социјалните мрежи Instagram и Facebook и дознајте повеќе околу активностите поврзани со #ВозиПравоВозиЗдраво.

Се гледаме на стартот а до тогаш #ВозиПравоВозиЗдраво

Стопанска банка АД - Скопје
На ваша страна

*ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА: поради временските услови настанот од првично закажаниот термин во 17 часот е поместен и ќе започне во 11 часот!

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња" кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња" давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата". За други опции, одете во „Поставки за колачиња". Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство. За повеќе информации, посетете ја нашата Политика за колачиња.