Оглас за вработување - советник за одржливот (ESG)
17. 4. 2024
Оглас за вработување - советник за одржливот (ESG)
Стопанска банка АД - Скопје објавува оглас за вработување за позицијата Советник за одржливост.
Советникот за одржливост е одговорен за воспоставување и одржување на политики, процедури и стратегии поврзани со еколошките, социјалните и управувачките ризици (ризици од ЕСГ), како и подготовка на извештаи за одржливост во согласност со Директивата за корпоративно известување за одржливост (CSRD), Регулативата за таксономија на ЕУ, Регулативата за обелоденувањата поврзани со одржливоста во секторот за финансиски услови (SFDR), Кодексот за корпоративно управување, како и интерните процедури и политики на Банката и интерните процедури и политики на NBG Групацијата. Учествува во проекти од овие области како и проекти кои служат за подобрување на процесот на собирање и обработка на податоци, или било кој друг поврзан проект кој може да се појави во текот на работењето. Активно ја следи целокупната домашна и меѓународна регулатива во областа на животната средина, општествени прашања и корпоративно управување. Подгототвува извештаи и презентации за ESG перформансите, како и соодветен ангажман со инвеститори, регулаторни тела и други заинтересирани страни за прашања поврзани со ЕСГ.
Прочитајте го огласот во целост на нашата веб страница.
Стопанска банка АД - Скопје
80 години, на ваша страна