Оглас за вработување - Соработник во Секторот за контрола на усогласеноста
26. 5. 2022
Оглас за вработување - Соработник за спречување перење пари и финансирање на тероризам
Стопанска банка АД - Скопје е Банка со најдолга традиција на македонскиот пазар. Основана е како прва банка во државата во 1944 година која ги постави темелите за банкарското работење и сѐ уште претставува лидер во развојот и во спроведувањето на најсовремените финансиски производи и услуги за населението и за правните лица што работат во Северна Македонија, остварувајќи притоа одлични резултати благодарение на високото ниво на професионалност и усвоените европски принципи на работа.
Со цел проширување на својот тим, Стопанска банка АД – Скопје објавува оглас за следната работна позиција:
Соработник за спречување перење пари и финансирање на тероризам, Сектор за контрола на усогласеноста на работењето на банката со прописите
Соработникот за спречување перење пари и финансирање на тероризам врши анализа на податоци од редовни трансакции и изработува извештаи за Управата за финансиско разузнавање на дневна основа. Одговорен е за детекција и следење на сомнителни трансакции и соодветно писмено ги известува претпоставените и надлежните ограни. Ја следи законската регулатива од областа на спречување на перењето пари и финансирањето на тероризмот. Асистира при подготовка на интерни семинари/тренинзи за спречување пари кои се организираат во Банката. Исто така, спроведува редовни теренски/вонтеренски контроли.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните квалификации:
- ВСП - економски факултет, бизнис администрација, правен факултет или друга сродна област;
- Одлично познавање на англиски јазик (пишан и говорен), поседување на соодветен сертификат на IELTS, TOEFL ќе се смета за предност;
- Одлично познавање на Microsoft Office
Лични карактеристики на кандидатот:
- Динамична личност со способност за превземање на иницијативи;
- Способност за работа под притисок, справување со стрес и извршување на повеќе задачи во кратки временски рокови;
- Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето;
- Висок личен интегритет, деловен и професионален однос.
Вработувањето е на определено време со можност по истекот на договорот работниот однос да се трасформира на неопределено време. Работното време е 8 часа дневно или 40 часа неделно, од понеделник до петок од 08:00/09:00 до 16:00/17:00 часот во седиштето на Банката.
Банката нуди динамична, квалитетна и пријатна работна средина, дополнителна обука и можности за стручно усовршување и професионален напредок на своите вработени.
Ве молиме да ја пополните апликацијата на интернет страницата на Банката или вашата кратка биографија на англиски или на македонски јазик доставете ја во седиштето на Банката на ул. 11 Октомври, бр.7, 1000 Скопје со назнака за кое работно место аплицирате, најдоцна до 31. 5. 2022 година.
Лице за контакт Даниела Радевска / Дијана Милошовска Стојчевска, тел. 02/3295-277.
Банката ќе изврши избор во законскиот рок, во согласност со бројот на пријавени кандидати. Само селектираните кандидати ќе бидат известени и повикани на интервју.