header image

Оглас за работно место - Дилер на финансиски пазари

9. 12. 2022

 

Оглас за работно место - Дилер на финансиски пазари

 

Стопанска банка АД - Скопје е Банка со најдолга традиција на македонскиот пазар. Основана како првата банка во државата во 1944 година, Стопанска банка ги постави темелите за банкарското работење и сѐ уште претставува лидер во развојот и во спроведувањето на најсовремените финансиски производи и услуги за населението и за правните лица на пазарот. Нашиот тим од 1.000 вработени остварува одлични резултати благодарение на високото ниво на професионалност и усвоените современи принципи на работа и пренос на знаење.

Со цел проширување на својот тим, Стопанска банка АД - Скопје објавува оглас за следната работна позиција:

ДИЛЕР НА ФИНАНСИСКИ ПАЗАРИ ВО СЕКТОР ЗА СРЕДСТВА И ЛИКВИДНОСТ


Работните обврски за оваа позиција вклучуваат:
•    Купопродажба на странски платежни средства на девизниот пазар;
•    Одржување и унапредување на односите и соработката со клиентите и филијалите на СБ
•    Тргување на пазарот на пари (депозити)
•    Тргување со хартии од вредност (Државни записи и обврзници)
•    Тргување со ефективни парични средства
•    Формирање на курсните листи за СБ
•    Подготвување на интерни и екстерни извештаи и организирање на база на податоци

Потребни квалификации на кандидатите:
•    ВСП - Економски факултет / Бизнис администрација
•    Одлично познавање на англиски јазик
•    Одлично познавање на Microsoft Office


Лични карактеристики:
•    Динамична личност со способност за преземање на иницијативи
•    Одлични организациски и комуникациски вештини
•    Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето
•    Висок личен интегритет, деловен и професионален однос

Претходно работно искуство со тргување на финансиски инструменти или поседување ACI Dealing Certificate ќе се смета за предност при вработувањето.

Вработувањето е на определено време со можност по истекот да премине  во вработување на неопределено време. Работното време е 8 часа дневно или 40 часа неделно, од понеделник до петок, со почеток од 8ч-9ч и крај на работното време од 16ч-17ч во седиштето на Банката, улица 11 Октомври бр.7,Скопје.

Висината на основната плата ќе се дефинира врз основа на работното искуство и исполнувањето на критериумите од страна на кандидатот.

Пополнете ја апликацијата на веб страницата на Банката со назнака за кое работно место аплицирате, најдоцна до 22. 12. 2022 година.

Банката ќе изврши избор во законскиот рок, во согласност со бројот на пријавени кандидати и спроведените влезни интервјуа. Само селектираните кандидати ќе бидат известени и повикани на интервју.

 

 

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња" кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња" давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата". За други опции, одете во „Поставки за колачиња". Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство. За повеќе информации, посетете ја нашата Политика за колачиња.