ОГЛАС за продажба на превземен имот (реф бр.5-09/2022)
29.09.2022
ОГЛАС за продажба на превземен имот (реф бр.5-09/2022)
Стопанска банка АД – Скопје ќе изврши продажба на следниот имот:
- Објект за одгледување на добиток во с.Бистрица, Битола, со површина во основа од 426 м2 и двор од 2,426м2 за минимална/почетна цена од 12.000ЕУР;
- Нива во Србица,Кичево, МВ Копач, Србица – вон Град со површина од 1.008м2 за минимална/почетна цена од 2.000ЕУР;
- Ниви во с.Враниште, Струга, 1/2 од нива 2ра класа со вкупна површина од 6994м2 мв.Долни Ливади и 1/2 од нива 3та класа со вкупна површина од 6819м2 мв. Јасенце за КО Враништа вон град за вкупна минимална/почетна цена од 5.000ЕУР;
- ½ Нива во Ложани, Струга, м.в Краповица со вкупна површина од 5009м2, за минимална/почетна цена од 2.000ЕУР;
- Ниви во с.Лабуништа, Струга класа 2 со површина од 2257м2 и 559м2 за вкупна минимална почетна цена од 2.000ЕУР;
- ½ нива во с.Ложани, Струга, м.в. Ложани со вкупна површиан од 6830м2 за минимална/почетна цена од 2.000ЕУР;
- Приземје од куќа во с.Вевчани од 118м2 и земјиште под објект од 158м2 и нива 3класа од 573м2 за минимална/почетна цена од 9.200ЕУР;
- Спрат од куќа во Битола на ул.Охридска бр.188 со вкупна површина од 93м2 за минимална/почетна цена од 15.000ЕУР,
- Деловен простор во с.Сопотница, Демир Хисар со површина од 96м2 и 7/15 идеален дел од земјиште за минимална/почетна цена од 2.000ЕУР;
- Производен погон во с.Раборци, Струмица на м.в.Туполите од 427м2 со право на користење на земјиште под објект од 546м2 за минимална/почетна цена од 7.300ЕУР;
11. Деловен простор во Велес на ул.Киро Рогужаров, во сутерен во индивидуална куќа, со површина од 25м2 за минимална/почетна цена од 900ЕУР.
- Спрат од куќа во Струмица на ул. М.Тито бр. 158 Струмица 1 кат од 67 м2 запишан во ИЛ бр.13407 за КО Струмица за минимална/почетна цена од 10.000ЕУР;
Продажбата се врши на принцип видено-купено без допонителни приговори за било какви физички или правни недостатоци на имотот.
Во цената на имотите под точка 1,2,3,4,5,6,9,10 и 11 не е вклучен ДДВ од 18% и истиот го плаќа купувачот.
Данокот на промет на недвижност, како и трошоците околу преносот на правото на сопственост ги плаќа купувачот.
Продажбата на недвижниот имот ќе се изврши по пат на наддавање, со прибирање на затворени писмени понуди.
Недвижниот имот се продава во готово или на кредит.
Доколку недвижниот имот се купува на кредит, понудувачот е должен пред доставување на понудата да ја утврди својата кредитна способност и за истата да достави потврда со доставената понуда.
Сите заинтересирани правни или физички лица за учество во купопродажбата треба да достават два поединечно затворени плика, од кои што едното плико (помалото) треба да биде затворено во другото плико (поголемото) при што:
- Поголемото плико треба читко да биде адресирано до Стопанска Банка АД Скопје – Служба за управување со имот ул.11 Октомври бр.7, Скопје и да стои ПОНУДА за купување на недвижноста и референтниот број на огласот од насловот. Внатре во големото плико да се наведе:
- Името и адресата на понудувачот и контакт телефон,
- Документ за идентификација на понудувачот (доколку понудувачот е физичко лице – фотокопија од важечка лична карта или пасош, доколку понудувачот е правно лице – фотокопија од Тековна состојба од Централен регистар на РМ не постара од 6 месеци),
- Потврда за уплатен депозит за учество на лицитација.
- На помалото плико да биде напишано “ПОНУДА-НЕ ОТВОРАЈ”, а внатре да се наведе:
- цената која се нуди за купување на недвижноста;
- согласност за плаќање на ДДВ од 18%;
- согласност за плаќање на данокот на промет на недвижности и трошоци за пренос на право на сопственост.
Заинтересираните купувачи при поднесување на понудата треба да уплатат на жиро-сметка на Банката 200000000099029 - МКД 113660111 со назнака: ,,депозит за учество на лицитација”, или да депонираат како залог во СБ средства во износ од 2% од минималната/почетна цена за имотот со минимална/почетна цена над 150.000 ЕУР; 5% за имотот со минимална/почетна цена помеѓу 50.000 ЕУР и 150.000 ЕУР и 20% од минималната/почетна цена за имотот со почетна минимална цена под 50.000 ЕУР.
Уплатениот депозит на успешниот понудувач се смета како дел од уплатата на купопродажната цена.
Во случај избраниот купувач да се откаже од намерата за купување на недвижниот имот, откога ќе биде официјално информиран дека неговата понуда е прифатена, уплатениот депозит ќе биде задржан од страна на СБ.
Стопанска банка АД – Скопје го задржува правото да не прифати ниедна од доставените понуди за купување, односно да не склучи договор за купопродажба. Во тој случај депозитот за учество на лицитација ќе биде вратен на понудувачот во уплатениот износ.
Плаќањето на купопродажната цена на недвижниот имот се врши во денарска противвредност на еврото пресметана според средниот курс на Народна банка на Република Северна Македонија на денот на плаќањето.
Рокот за доставување на Понудите е 06.10.2022 година.
Дополнителни информации на телефон: 02/3295-280, 02/3295-283
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ