ОГЛАС за продажба на превземен имот (реф бр.4-08/2022)
31. 8. 2022
ОГЛАС за продажба на превземен имот (реф бр.4-08/2022)
Стопанска банка АД – Скопје ќе изврши продажба на следниот имот:
- Куќа во Ресен на ул.Јосиф Јосифовски со вкупна површина од 162м2 (ПО+ПР+01) и идеален дел од земјиште 305/345 од вкупна површина од 353м2 за минимална/почетна цена од 34.000ЕУР,
- 3(три) деловни простории-дуќани во Ресен (во трговскиот центар) на кат 01, секој со површина од 18м2, односно вкупно 54м2, лоцирани еден до друг за вкупна минимална/почетна цена од 22.000ЕУР,
- Деловен простор во Битола на ул.Јадранска со вкупна површина од 68м2 (ПР) за минимална/почетна цена од 33.500 ЕУР,
- Деловен простор во Битола на ул.Т.Паница со вкупна површина од 133m2 (ПО) за минимална/почетна цена од 29.500 ЕУР,
- Производен погон во Богданци co вкупна површиан од 297м2 (ПР) за минимална/почетна цена од 61.000ЕУР,
- 2 (две) куќи во Гостивар во заеднички двор со површина од 196м2, односно од 139м2 на ул. Васил Василевски бр. 9 за минимална/почетна цена за 220.000ЕУР,
- Производен погон во Тетово запишан во ИЛ 38489 за КО Тетово 2 лоциран на ул.Илинденска бр.228 со вкупна површина од 1.281м2 со земјиште под објект
за минимална/почетна цена од 190.000ЕУР, - Зграда 9 (дел од комплекс за обработка на тутун од поранешен Јака Табак во Радовиш) објект - магацин со вкупна површина од 5007 м2
за минимална/почетна цена од 261.000ЕУР, - Зграда 10 (дел од комплекс за обработка на тутун од поранешен Јака Табак во Радовиш) објект - магацин со вкупна површина од 4725 м2
за минимална/почетна цена од 216.000ЕУР, - Деловен простор во Скопје во сутерен на ул. Димо Хаџи Димов бр.8 со вкупна површина од 99м2 за минимална почетна цена од 24.000ЕУР.
Продажбата се врши на принцип видено-купено без допонителни приговори за било какви физички или правни недостатоци на имотот.
Во цената на имотите под точка 2,3,4,5,7,8,9 и 10 не е вклучен ДДВ од 18% и истиот го плаќа купувачот.
Данокот на промет на недвижност, како и трошоците околу преносот на правото на сопственост ги плаќа купувачот.
Продажбата на недвижниот имот ќе се изврши по пат на наддавање, со прибирање на затворени писмени понуди.
Недвижниот имот се продава во готово или на кредит.
Доколку недвижниот имот се купува на кредит, понудувачот е должен пред доставување на понудата да ја утврди својата кредитна способност и за истата да достави потврда со доставената понуда.
Сите заинтересирани правни или физички лица за учество во купопродажбата треба да достават два поединечно затворени плика, од кои што едното плико (помалото) треба да биде затворено во другото плико (поголемото) при што:
- Поголемото плико треба читко да биде адресирано до Стопанска Банка АД Скопје – Служба за управување со имот ул.11 Октомври бр.7, Скопје и да стои ПОНУДА за купување на недвижноста и референтниот број на огласот од насловот. Внатре во големото плико да се наведе:
- Името и адресата на понудувачот и контакт телефон,
- Документ за идентификација на понудувачот (доколку понудувачот е физичко лице – фотокопија од важечка лична карта или пасош, доколку понудувачот е правно лице – фотокопија од Тековна состојба од Централен регистар на РМ не постара од 6 месеци),
- Потврда за уплатен депозит за учество на лицитација.
- На помалото плико да биде напишано “ПОНУДА-НЕ ОТВОРАЈ”, а внатре да се наведе:
- цената која се нуди за купување на недвижноста;
- согласност за плаќање на ДДВ од 18%;
- согласност за плаќање на данокот на промет на недвижности и трошоци за пренос на право на сопственост.
Заинтересираните купувачи при поднесување на понудата треба да уплатат на жиро-сметка на Банката 200000000099029 - МКД 113660111 со назнака: "депозит за учество на лицитација”, или да депонираат како залог во СБ средства во износ од 2% од минималната/почетна цена за имотот со минимална/почетна цена над 150.000 ЕУР; 5% за имотот со минимална/почетна цена помеѓу 50.000 ЕУР и 150.000 ЕУР и 20% од минималната/почетна цена за имотот со почетна минимална цена под 50.000 ЕУР.
Уплатениот депозит на успешниот понудувач се смета како дел од уплатата на купопродажната цена.
Во случај избраниот купувач да се откаже од намерата за купување на недвижниот имот, откога ќе биде официјално информиран дека неговата понуда е прифатена, уплатениот депозит ќе биде задржан од страна на СБ.
Стопанска банка АД – Скопје го задржува правото да не прифати ниедна од доставените понуди за купување, односно да не склучи договор за купопродажба. Во тој случај депозитот за учество на лицитација ќе биде вратен на понудувачот во уплатениот износ.
Плаќањето на купопродажната цена на недвижниот имот се врши во денарска противвредност на еврото пресметана според средниот курс на Народна банка на Република Северна Македонија на денот на плаќањето.
Рокот за доставување на Понудите е 07.09.2022 година.
Дополнителни информации на телефон: 02/3295-280, 02/3295-283
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ