header image

Оглас за продажба на превземен имот реф бр.3-07/2022

Оглас за продажба на превземен имот реф бр.3-07/2022

 01.07.2022     

           

Оглас за продажба на превземен имот реф бр.3-07/2022

 

Стопанска банка АД – Скопје ќе изврши продажба на следниот имот:

  1. Деловен простор во Кочани на ул. Г. Делчев, Кочани, зграда бр.1, влез 3, приземје од 32м2 запишан во ИЛ бр. 13428 за КО Кочани за минимална/почетна цена од 3.041ЕУР
  2. Деловен простор во Кочани ул. Г. Делчев, Кочани, зграда бр.1, влез 3, приземје од 40м2 запишан во ИЛ бр. 13428 за КО Кочани за минимална/почетна цена од 3.171ЕУР;
  3. 3. Деловен простор во Струмица на ул.Гоце Делчев бр.22 со површина од 43м2 за минимална/почетна цена од 24.000ЕУР
  4. 4. Котли како отпадно железо лоцирани во Јака Табак Радовиш за минимална/почетна цена од 15ден/кг.

Напомена: трошокот за демонтажа, како и транспортот и евентуалните останати трошоци се обврска и товар на избраниот Купувач,

  1. Фарма во с.Тркање Кочани запишана во ИЛ 1157 за КО Тркање со вкупна површина од 595м2 со земјиште од 2.783м2 за минимална/почетна цена од 39.000ЕУР;
  2. 6. Спрат од куќа во Струмица на ул. М.Тито бр. 158 Струмица 1 кат од 67 м2 запишан во ИЛ бр.13407 за КО Струмица за минимална/почетна цена од 10.000ЕУР;
  3. 7. Производен погон во с.Раборци, Струмица на м.в.Туполите од 427м2 со право на користење на земјиште под објект од 546м2 запишан во ИЛ бр.8 за КО Раборци за минимална/почетна цена од 7.000ЕУР;
  4. 8. Нива во Србица,Кичево, МВ Копач, Србица – вон Град со повр{ина од 1.008м2 за минимална/почетна цена од 2.000ЕУР;
  5. Ниви во с.Враниште, Струга, 1/2 од нива 2ра класа со вкупна површина од 6994м2 мв.Долни Ливади и 1/2 од нива 3та класа со вкупна површина од 6819м2 мв. Јасенце за КО Враништа вон град за вкупна минимална/почетна цена од 5.000ЕУР
  6. ½ Нива во Ложани, Струга, м.в Краповица со вкупна површина од 5009м2, за минимална/почетна цена од 2.000ЕУР
  7. Ниви во с.Лабуништа, Струга класа 2 со површина од 2257м2 и 559м2 за вкупна минимална почетна цена од 2,000ЕУР
  8. 12. ½ нива во с.Ложани, Струга, м.в. Ложани со вкупна површиан од 6830м2 за минимална/почетна цена од 2.000ЕУР

 

Продажбата се врши на принцип видено-купено без допонителни приговори за било какви физички или правни недостатоци на имотот.

Во цената на имотите под точка 1,3, 5,7, 8,9,10,11 и 12 не е вклучен ДДВ од 18% и истиот го плаќа купувачот.

Данокот на промет на недвижност, како и трошоците околу преносот на правото на сопственост ги плаќа купувачот.

             Продажбата на недвижниот имот ќе се изврши по пат на наддавање, со прибирање на затворени писмени понуди.

             Недвижниот имот ќе се продава во готово или на кредит.

 

Доколку недвижниот имот се купува на кредит, понудувачот е должен пред доставување на понудата да ја утврди својата кредитна способност и за истата да достави потврда со доставената понуда.         

Сите заинтересирани правни или физички лица за учество во купопродажбата треба да достават два поединечно затворени плика, од кои што едното плико (помалото) треба да биде затворено во другото плико (поголемото) при што:

  • Поголемото плико треба читко да биде адресирано до Стопанска банка АД Скопје – Служба за управување со имот ул.11 Октомври бр.7, Скопје и да стои ПОНУДА за купување на недвижноста и референтниот број на огласот од насловот. Внатре во големото плико да се наведе:
  • Името и адресата на понудувачот и контакт телефон,
  • Документ за идентификација на понудувачот (доколку понудувачот е физичко лице – фотокопија од важечка лична карта или пасош, доколку понудувачот е правно лице – фотокопија од Тековна состојба од Централен регистар на РМ не постара од 6 месеци),
  • Потврда за уплатен депозит за учество на лицитација.

 

На помалото плико да биде напишано „ПОНУДА-НЕ ОТВОРАЈ”, а внатре да се наведе:

  • цената која се нуди за купување на недвижноста;
  • согласност за плаќање на ДДВ од 18%;
  • согласност за плаќање на данокот на промет на недвижности и трошоци за пренос на право на сопственост.

 

 Заинтересираните купувачи при поднесување на понудата треба да уплатат на жиро-сметка на Банката 200000000099029 - МКД 113660111  со назнака: „депозит за учество на лицитација”, или да депонираат како залог во СБ средства во износ од 2% од минималната/почетна цена за имотот со минимална/почетна цена над 150.000 ЕУР; 5% за имотот со минимална/почетна цена помеѓу 50.000 ЕУР и 150.000 ЕУР и 20% од минималната/почетна цена за имотот со почетна минимална цена под 50.000 ЕУР.

 

Уплатениот депозит на успешниот понудувач се смета како дел од уплатата на купопродажната цена.

           

Во случај избраниот купувач да се откаже од намерата за купување на недвижниот имот, откога ќе биде официјално информиран дека неговата понуда е прифатена, уплатениот депозит ќе биде задржан од страна на СБ.

 

Стопанска банка АД – Скопје го задржува правото да не прифати ниедна од доставените понуди за купување, односно да не склучи договор за купопродажба. Во тој случај депозитот за учество на лицитација ќе биде вратен на понудувачот во уплатениот износ.

         

Плаќањето на купопродажната цена на недвижниот имот се врши во денарска противвредност на еврото пресметана според  средниот курс на Народна банка на Република Северна Македонија на денот на плаќањето.

         

Рокот за доставување на Понудите е 08.07.2022 година.

Дополнителни информации на телефон:  02/3295-280,  02/3295-283

 

СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

 

 

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња" кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња" давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата". За други опции, одете во „Поставки за колачиња". Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство. За повеќе информации, посетете ја нашата Политика за колачиња.