header image

Оглас за продажба на превземен имот реф бр.2-06/2022

16. 6. 2022

 

Оглас за продажба на превземен имот реф бр.2-06/2022


Стопанска банка АД – Скопје ќе изврши продажба на следниот имот:

  1. Деловен простор во Струмица на ул.Гоце Делчев бр.22 со површина од 43м2 за минимална/почетна цена од 24.000ЕУР
  2. Куќа во Ресен на ул.Јосиф Јосифовски со вкупна површина од 162м2 (ПО+ПР+01) и идеален дел од земјиште 305/345 од вкупна површина од 353м2 за минимална/почетна цена од 35.000ЕУР. Напомена: имотот не е во владение на банката и сите идни постаки околу обезбедување на владение се обврска на избраниот купувач.
  3. 3(три) деловни простории-дуќани во Ресен (во трговскиот центар) на кат 01, секој со површина од 18м2, односно вкупно 54м2, лоцирани еден до друг за вкупна минимална/почетна цена од 22.000ЕУР.
  4. Производна хала во Негорци, Гевгелија со вкупна површина 376м2 (ПР+01) и право на сопственост на земјиште (двор и под зграда) со вкупна површина од 1794м2 за минимална/почетна цена од 42.000ЕУР. Напомена: банката е во постапка за упис во имотен лист.
  5. Деловен простор во Битола на ул.Јадранска со вкупна површина од 68м2 (ПР) за минимална/почетна цена од ‭33.500 ЕУР‬,
  6. Деловен простор во Битола на ул.Тодор Паница со вкупна површина од 133m2 (ПО) за минимална/почетна цена од‭ 29.500 ЕУР,‬
  7. Производен погон во Богданци co вкупна површиан од 297м2 (ПР) за минимална/почетна цена од 62.000ЕУР
  8. 2 (две) куќи во Гостивар во заеднички двор со површина од 196м2, односно од 139м2 на ул. Васил Василевски бр. 9  за минимална/почетна цена за 228.000ЕУР
  9. Деловен простор во Скопје во сутерен на ул. Димо Хаџи Димов бр.8 со вкупна површина од 99м2 за минимална почетна цена од 26.000ЕУР
  10. Котли како отпадно железо лоцирани во Јака Табак Радовиш за минимална/почетна цена од 20 ден/кг. Напомена: трошокот за демонтажа, како и транспортот и евентуалните останати трошоци се обврска и товар на избраниот Купувач,
  11. Деловен простор во Скопје во сутерен на Бихачка бр. 3 со површина од 24м2 за минимална почетна цена од 9.000ЕУР.


Продажбата се врши на принцип видено-купено без допонителни приговори за било какви физички или правни недостатоци на имотот.
Во цената на имотите под точка 1, 3, 4, 5, 6, 7, 9, 10 и 11 не е вклучен ДДВ од 18% и истиот го плаќа купувачот.
Данокот на промет на недвижност, како и трошоците околу преносот на правото на сопственост ги плаќа купувачот.
Продажбата на недвижниот имот ќе се изврши по пат на наддавање, со прибирање на затворени писмени понуди.
Недвижниот имот ќе се продава во готово или  на кредит.

Доколку недвижниот имот се купува на кредит, понудувачот е должен пред доставување на понудата да ја утврди својата кредитна способност и за истата да достави потврда со доставената понуда.  
    
Сите заинтересирани правни или физички лица за учество во купопродажбата треба да достават два поединечно затворени плика, од кои што едното плико (помалото) треба да биде затворено во другото плико (поголемото) при што:

  • Поголемото плико треба читко да биде адресирано до Стопанска Банка АД Скопје – Служба за управување со  имот ул. 11 Октомври бр.7, Скопје и да стои ПОНУДА за купување на недвижноста и референтниот број на огласот од насловот. Внатре во големото плико да се наведе:
    • Името и адресата на понудувачот и контакт телефон,  
    • Документ за идентификација на понудувачот (доколку понудувачот е физичко лице – фотокопија од важечка лична карта или пасош, доколку понудувачот е правно лице – фотокопија од Тековна состојба од Централен регистар на РМ  не постара од 6 месеци),
    • Потврда за уплатен депозит за учество на лицитација.  

  • На помалото плико да биде напишано “ПОНУДА-НЕ ОТВОРАЈ”, а внатре да се наведе:
    • цената која се нуди за купување на недвижноста;
    • согласност за плаќање на ДДВ од 18%;
    • согласност за плаќање на данокот на промет на недвижности и трошоци за пренос на право на сопственост.
       

Заинтересираните купувачи при поднесување на понудата треба да уплатат на жиро-сметка на Банката 200000000099029 - МКД 113660111  со назнака: „депозит за учество на лицитација”, или да депонираат како залог во СБ средства во износ од 2% од минималната/почетна цена за имотот со минимална/почетна цена над 150.000 ЕУР; 5% за имотот со минимална/почетна цена помеѓу 50.000 ЕУР и 150.000 ЕУР и 20% од минималната/почетна цена за имотот со почетна минимална цена под 50.000 ЕУР.

Уплатениот депозит на успешниот понудувач се смета како дел од уплатата на купопродажната цена.
    
Во случај избраниот купувач да се откаже од намерата за купување на недвижниот имот, откога ќе биде официјално информиран дека неговата понуда е прифатена, уплатениот депозит ќе биде задржан од страна на СБ.

Стопанска банка АД – Скопје го задржува правото да не прифати ниедна од доставените понуди за купување, односно да не склучи договор за купопродажба. Во тој случај депозитот за учество на лицитација ќе биде вратен на понудувачот во уплатениот износ.
          
Плаќањето на купопродажната цена на недвижниот имот се врши во денарска противвредност на еврото пресметана според средниот курс на Народна банка на Република Северна Македонија на денот на плаќањето.
          
Рокот за доставување на Понудите е 23.06.2022 година.

Дополнителни информации на телефон: 02/3295-280,  02/3295-283

СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња" кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња" давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата". За други опции, одете во „Поставки за колачиња". Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство. За повеќе информации, посетете ја нашата Политика за колачиња.