header image

Оглас за продажба на имот 15/07/2019

15.07.2019

 


Оглас (реф бр. 06-07/2019) за продажба на превземен имот на Стопанска банка АД – Скопје

 

Стопанска банка АД – Скопје ќе изврши продажба на следниот имот:
 

 #

 Локација

Вид на имотот:

Краток опис:

Имотен лист

Физичко владение

Минимална/почетна цена (ЕУР)

 

1

Тетово

деловен простор

на ул.Илинденска од 89м2 Тетово на 01 кат во трговски центар.

да

да

11.000

2

с.Сопотница, Демир Хисар

деловен простор

деловен простор во с.Сопотница со површина од 96м2 и 7/15 идеален дел од земјиште

да

не

1.650

3

Струмица

спрат од куќа

1 кат од куќа на ул. М.Тито бр. 158 Струмица од 67м2.

да

да

10.000

4

Велес

деловен простор

на ул.Киро Рогужаров, Велес, приземје, од 25 м2.

да

да

900

5

Скопје

административен простор

на ул.Кузман Јосифовски Питу бр.19-4/21 на мезанин со површина од 299м2 и заедничка сопственост на ходник и скали

да

да

242.000

6

 

с.Радишани, Скопје

куќа

на ул.Радишанска 216А (ПР+МА) со вкупна површина од 109м2 и земјиште со вкупна површина од 785м2

да

да

                           38.000


Продажбата на имотот се врши на принцип видено-купено без допонителни приговори за било какви физички или правни недостатоци на имотот.

Во цената на имотите под точка 1; 2; 4; и 5; не е вклучен  ДДВ од 18% и истиот го плаќа Купувачот.
Данокот на промет на недвижност, како и трошоците околу преносот на правото на сопственост ги плаќа купувачот.
Продажбата на недвижниот имот ќе се изврши по пат на наддавање, со прибирање на затворени писмени понуди.
 Недвижниот имот ќе се продава во готово или  на кредит.

Доколку недвижниот имот се купува на кредит, понудувачот е должен пред доставување на понудата да ја утврди својата кредитна способност и за истата да достави потврда со доставената понуда.  
    
Сите заинтересирани правни или физички лица за учество во купопродажбата треба да достават два поединечно затворени плика, од кои што едното плико (помалото) треба да биде затворено во другото плико (поголемото) при што:
 Поголемото плико треба читко да биде адресирано до Стопанска Банка АД Скопје – Служба за управување со  имот ул.11 Октомври бр.7, Скопје и да стои ПОНУДА за купување на недвижноста и референтниот број на огласот од насловот. Внатре во големото плико да се наведе:
-    Името и адресата на понудувачот и контакт телефон,  
-    Документ за идентификација на понудувачот (доколку понудувачот е физичко лице – фотокопија од важечка лична карта или пасош, доколку понудувачот е правно лице – фотокопија од Тековна состојба од Централен регистар на РМ  не постара од 6 месеци),
-    Потврда за уплатен депозит за учество на лицитација.  

 На помалото плико да биде напишано “ПОНУДА-НЕ ОТВОРАЈ”, а внатре да се наведе:
-    цената која се нуди за купување на недвижноста;
-    согласност за плаќање на ДДВ од 18%;
-    согласност за плаќање на данокот на промет на недвижности и трошоци за пренос на право на сопственост.
 
Заинтересираните купувачи при поднесување на понудата треба да уплатат на жиро-сметка на Банката 200000000099029 - МКД 113660111  со назнака: ,,депозит за учество на лицитација”, или да депонираат како залог во СБ средства во износ од 2% од минималната/почетна цена за имотот со минимална/почетна цена над 150.000 ЕУР; 5% за имотот со минимална/почетна цена помеѓу 50.000 ЕУР и 150.000 ЕУР и 20% од минималната/почетна цена за имотот со почетна минимална цена под 50.000 ЕУР.

Уплатениот депозит на успешниот понудувач се смета како дел од уплатата на купопродажната цена.
    
 Во случај избраниот купувач да се откаже од намерата за купување на недвижниот имот, откога ќе биде официјално информиран дека неговата понуда е прифатена, уплатениот депозит ќе биде задржан од страна на СБ.

Стопанска банка АД – Скопје го задржува правото да не прифати ниедна од доставените понуди за купување, односно да не склучи договор за купопродажба. Во тој случај депозитот за учество на лицитација ќе биде вратен на понудувачот во уплатениот износ.
          
 Плаќањето на купопродажната цена на недвижниот имот се врши во денарска противвредност на ЕУР пресметана според  средниот курс на Народна банка на Република Македонија на денот на плаќањето.
          
 Рокот за доставување на Понудите е 19.07.2019 година.

 Дополнителни информации на телефон:  02/3295-280 и 02/3295-283

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња" кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња" давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата". За други опции, одете во „Поставки за колачиња". Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство. За повеќе информации, посетете ја нашата Политика за колачиња.