header image

Одржан 6от Microsoft Office Specialist национален натпревар

22. 6. 2022

 

Одржан 6от Microsoft Office Specialist национален натпревар

 

Денес во просториите на i-bank store филијалата на Стопанска банка АД - Скопје, се одржа големото финале од проектот за унапредување на дигиталната писменост. Ги добивме националните шампиони кои ќе ја претставуваат нашата земја на глобалните натпревари Microsoft Office Specialist (MOS) и Adobe Certified Professional (АCP).

Поминаа долги две години во кои бевме приморани овој натпревар да го организираме онлајн. Токму пандемијата значително ја потенцираше потребата на дигитална писменост бидејќи сите бевме приморани да учиме и функционираме онлајн. Нашата цел беше иста од почетокот на овој проект, да го зголемиме бројот на млади кои поседуваат дигитални вештини и се способни да ги користат можностите во дигиталниот свет. Гледаме дека новите генерации на средношколци се мотивирани и спремни да вложуваат енергија во развој на своите дигитални вештини што го потврдија со глобално признат сертификат на натпреварот. Ќе напоменам дека ќе продолжиме да работиме со нашите партнери и покровители на натпреварот и истиот ќе продолжи да се организира низ годините напред. Им честитаме на овогодинешните победници Нина Додиќ и Дамјан Димовски, и им посакуваме успех и победа на светскиот натпревар.“ – изјави Марко Серафимовски, директор на CertiAdria.  


Натпреварувачите, на возраст меѓу 13 и 22 години имаа можност да ги покажат своите вештини на:
•    Националниот натпревар Microsoft Office Specialist (МOS) каде што ги покажаа своите вешти за Microsoft Office апликациите поточно за: Microsoft Word, Excel® и PowerPoint;
•    Националниот натпревар Adobe Certified Professional (ACP) кој ги тестира вештините на учесниците во Adobe Photoshop, Illustrator и InDesign
Оние кои ги положија испитите се стекнаа со глобално признаени сертификати.
Ова е најмасовен натпревар во светот со повеќе од 1 милион положени испити годишно, кој се организира во повеќе од 100 земји во светот.

Рангирани според највисоките резултати, денеска се натпреваруваа 22 учесници, а во продолжение следуваат победниците:
•    Најдобриот натпреварувач кој што ќе ја претставува нашата држава на светскиот натпревар за Microsoft Office Specialist е Нина Додиќ.
•    Најдобриот натпреварувач кој што ќе ја претставува нашата држава на светскиот натпревар за Adobe Certified Professional е Дамјан Димовски.
 Нашите национални шампиони ќе патуваат во јули во Анахајм Калифорнија, САД на светските натпревари каде што ќе ја претставуваат нашата земја.

Г-а. Милица Чапаровска Јовановска, Генералниот директор за банкарство на мало при Стопанска банка АД – Скопје изјави: „Позитивната атмосфера што ја носи овој натпревар го прави според мене да биде еден од најубавите настани во нашите простории секоја година. Денешните финалисти со своите ментори работеле напорно во изминатите месеци за да бидат дел од државното финале и сакам да им порачам дека без оглед на тоа што само еден ќе биде крунисан како победник, во нашите очи сите се победници и треба да се гордеат со постигнатото. Затоа, како и претходните години, во име на Банката им доделуваме парична награда од 5.000мкд на сите финалисти додека за финалистот ги покриваме трошоците за учество на финалето во САД.
Стопанска банка АД – Скопје како модерна финансиска институција постојано инвестира во развојот на IT решенија со кои ја подобрува и продлабочува понудата кон клиентите, па оттука овој настан за нас е олицетворение и поттик за технолошки напредни генерации кои за неколку години отсега ќе можат да развиваат решенија локално и да придонесуваат за подобра иднина за целата земја.“


Во рамки на шестгодишното партнерство со Certiadria во организирање на овој натпревар, Град Скопје поддржа вкупно 2600 ученици од средните училишта, овозможувајќи им бесплатно полагање на официјален Microsoft Office и АСА испит.
На овој начин учениците, без разлика на нивниот социјален и економски статус, добија можност да се стекнат со меѓународно признат сертификат кој ќе им биде од особено значење во нивното понатамошно школување и кариера.“ - изјави Секретарот на Град Скопје, Ѓоко Велковски.


Во овој период од животот на младите, едукацијата е еден од најважните елементи за понатамошно развивање и правилно насочување на нивните потенцијали, а националното финале на MOS и АCP натпреварите е исклучително важен настан кој директно влијае во таа насока, но и во подобрување на нашето општество во целина. Основното компјутерско познавање е речиси задолжителен услов при вработување. Младите денес, иако имаат познавања од компјутери и постојано ги користат, постои простор за доописменување. Една од целите на овој натпревар е токму тоа, да се употреби технологијата за повисоки цели, покрај забавната да се искористат и другите нејзини функции кои ќе помогнат во понатамошниот образовен и професионален развој на младите. Им честитам на финалистите на заслужениот пласман и им посакувам овој успех да им биде ветер во грб за идни победи на полето на IT едукацијата и технологијата како и за понатамошно надградување со нови вештини,“ – изјави Валентина Тасева, генерална директорка на Семос Едукација.

Оваа голема можност на младите им ја пружаат верните поддржувачи на натпреварите кои веќе со години се дел од овој проект. Проектов им овозможува на учениците бесплатно да ги полагаат испитите и да се стекнат со меѓународни и глобално признати сертификати, што им го отвара патот за нивен понатамошен развој како во академската така и во професионалната кариера. Поддржувачите исто така ги покриваат патувањето и престојот на националните шампиони на светските натпревари во САД.
Стопанска Банка, Град Скопје, Општина Куманово и Семос Едукација ја поддржуваат и промовираат дигиталната писменост кај младите генерации.

Проследете го краткото видео од настанот:


___________________________________________________________
Веќе од следниот месец, започнуваат тестирањата за следниот циклус на националните MOS/ACA натпревари 2022/23. Од Certiadria ги повикуваат сите заинтересирани млади лица на возраст од 13-22 години да работат на развој на своите дигитални вештини, да се пријават на овој натпревар и да добијат можност да ја претставуваат нашата држава на интернационалните МOS и ACP натпревари.

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња“ кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата“. За други опции, одете во „Поставки за колачиња“. Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство.