header image

Одобрени нови 11 грантови од „Сонуваме. Менуваме“ vol.6

29. 12. 2024

 

Одобрени нови 11 грантови од „Сонуваме. Менуваме“ vol.6

 

Со стартот на шестото издание на #СонувамеМенуваме ги објавуваме и одбраните нови 11 грантови кои Банката ќе ги реализира за асоцијации на лица со пречки во развојот како дел од долгогодишната кампања за подигнување на јавната свест за поголема инклузија и подобро општество за сите.

Од пристигнатите 26 барања, специјална комисија во Банката состави избор, оваа година со посебен буџет од 30.000евра, на 11 грантови кои ќе бидат реализирани во следните месеци и со кои значително ќе се подобрат условите за секојдневна дружба, социјализација но и едукација на децата со пречки во развојот ширум Републиката. Им честитаме на добитниците и им посакуваме среќни новогодишни и божиќни празници на сите. 

Благодариме што сте дел од „Сонуваме Менуваме“:

Здружение за рана стимулација, развој и игра кај деца Креатива Исток Дигитална интерактивна табла за моторни и когнитивни вежби - NEOFECT 3,000.00
Паралелки за ученици со оштетен слух во ООУ Кузман Јосифовски - Питу, Скопје Набавка на Интерактивен панел 32“ Е-фан пад смарт маса - табла 1,414.00
Државен училишен центар за образование и рехабилитација “Партеније Зографски“ Скопје Сензорна / сетилна терапија за надминување на попреченостите на учениците од 14 - 19 години. Набавка на прстен завеса со оптички влакна, лејзи бегз со звучни вибрации и интерактивен светлечки панел 2,000.00
НВО „Имаго Плус“ Набавка на дидактички материјали и современи технички помагала за децата 2,000.00
Центар „Балончиња“ - Битола Набавка на логопедски современ апарат за третирање на децата  1,122.00
Движење на родители на деца и лица со телесна попреченост НВО ПРКОС-Скопје Уредување и пристап на простор на лица со церебрална парализа 3,528.00
Здружение ‘’ПРОГРЕС’ - Куманово Набавка на - Treax Pads, логопедски сонди, лаптоп. 3,700.00
ОУ и ресурсен центар „Д-р Златан Сремец“ Скопје Набавка на интерактивен тепих 5,000.00
Ластовица - Асоцијација за деца и младинци со посебни потреби Дигитална маса + сонди за глава и уши 1,720.00
Здружение за асистивна технологија Отворете ги прозорците Скопје Целта на проектот е да се купат нови асистивни уреди за контрола на компјутерот со што корисниците ќе имаат повеќе можности за рехабилитација и скроен пристап до компјутерот како алатка за инклузија 3,900.00
Здружение за психосоцијално воспитување „ВОПС“ Охрид Набавка на 4 инвертер клими за загревање на просторот каде престојуваат децата 2,000.00

 

Стопанска банка АД - Скопје
80 години, на ваша страна

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња" кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња" давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата". За други опции, одете во „Поставки за колачиња". Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство. За повеќе информации, посетете ја нашата Политика за колачиња.