header image

Одбележување на „Денот на штедење“ со зелена акција

28. 10. 2021

 

Одбележување на „Денот на штедење“ со зелена акција

 

Почитувани,

Оваа година одлучивме „Денот на штедење“ да го прославиме на „зелен“ начин, користејќи ги овие ретки сончеви денови за убава акција во која ве покануваме да се вклучите заедно со вашите семејства. Имено, како што е познато, Банката преку проектот „Вози право, вози здраво“ изгради на 2 локации во Скопје вело содржини кои ентузијастички се користат од децата и младите.


Поради covid-19 рестрикциите овие 2 години не бевме во можност да ги спроведеме нашите популарни масовни настани и целиот фокус на општествено одговорните активности беше насочен кон здравствениот систем и предизвикот во борбата против ковид. Но, тоа што сакаме сега да го направиме е на скромен начин да се потсетиме дека се грижиме за животната средина и за нашето непосредно окружување, па затоа во петок и сабота ќе организираме раззеленување и разубавување на двете вело локации.

Агендата за малите настани е во соработка со екипи на Паркови и зеленило:
•    Петок 29. 10. 2021 во парк Македонија спроти Веро2, Тафталиџе на СТБ Детскиот велодром од 10 до 13 часот садење поголема количина на цвеќиња
•    Сабота 30. 10. 2021 во Градски Парк околу ТОПСИ pumptrack од 10 до 13 часот садење на цвеќиња и дополнително зеленило (грмушки и дрвца)

Пораката зад овие активности е дека секоја инвестиција има свој плод за подобра иднина, а и дополнителната симболика во тоа да гледаш како твојата инвестиција расте и дава плод/цвет.
Без оглед дали е тоа инвестиција во пари, имот или во поздрава животна средина, потребно е да се размислува на иднината и да се создаваат здрави навики. Ако секое дете што ќе насади цвеќе, дрвце или грмушка почуствува дека направило нешто корисно за сопствената и за иднината на своите најблиски ќе знаеме дека сме ја постигнале целта.

Ве очекуваме заедно да го одбележиме „Денот на штедење“ и да го разубавиме нашето окружување.

ДОПОЛНЕТО: Слики од успешно спроведените зелени акции се достапни на нашиот Facebook профил

Стопанска банка АД - Скопје
На ваша страна

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња“ кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата“. За други опции, одете во „Поставки за колачиња“. Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство.