header image

Одбележан #CyberMonday и во Стопанска банка

03.12.2019

 

Одбележан #CyberMonday и во Стопанска банка

 

Почитувани,

 

 

Значаен дел од општествено одговорното однесување на Стопанска банка АД - Скопје е насочено кон едукација на клиентите за новите трендови, новите производи и услуги. Сакајќи да ги промовира своите платежни картички кои први на пазарот беа со 3D Secure безбедносни стандарди како и да ја промовира својата e-commerce платформа за домашните трговци, Банката втора година по ред организира симболична прослава на Cyber Monday првиот онлајн светски празник.

На овој ден, во земјите каде е развиена електронската трговија, овие трговци подготвуваат посебни понуди и истите најчесто се насочени на производи од бела и црна техника.

На предизвикот и повикот на Банката, одговорија речиси 600 клиенти а 30 среќници беа извлечени и повикани на Cyber Monday трошење во i-bank store филијалата на Банката.

Притоа, задачата за секој учесник беше да демонстрира познавање на процесот на електронска трговија така што за 10минути ќе потроши 5.000мкд но искличиво на домашни трговци кои преку платформата на Стопанска банка АД - Скопје овозможиле онлајн купување. Искуството за учесниците вклучуваше креирање на свој профил на страницата на трговецот, избор на тоа што сака да го купи, внесување на сите потребни податоци и секако користење на платежна картичка која Банката ја изработи специјално за оваа намена.

Учесниците успеаа за време на настанот да потрошат над 100.000мкд и да купат од книга до правосмукалка :) имаше слушалки, пегли, тостери, фен, алати, скара, а имавме и плаќање на сметки :)

 

Им благодариме на сите кои помогнаа настанот да помине во најдобар ред и кои покажаа дека нашиот пазар не заостанува зад светскте трендови.

 

Клиентите кои сакаат да дознаат повеќе за 3D Secure безбедноста како и за изборот на платежни картички истото можат да го направат во нашите филијали, преку 24/7 контакт центарот како и на нашата веб страница.

 

 

Стопанска банка АД - Скопје

75 години на ваша страна

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња" кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња" давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата". За други опции, одете во „Поставки за колачиња". Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство. За повеќе информации, посетете ја нашата Политика за колачиња.