header image

Објавени резултатите од третиот квартал

29. 10. 2021

 

Стопанска банка АД – Скопје ги објави резултатите од првите 3 квартали на 2021 година

 

Банката го заврши третиот квартал од 2021 година со позитивен резултат од 32.6 милиони евра добивка пред оданочување, што е 28% подобар во споредба со резултатот од истиот период во 2020 година. Во исто време, вкупната актива достина 1.737 милиони евра што претставува 1% пораст во споредба со 2020 година.

Можеме да забележиме подобрени перформанси во сите позиции, пред се, како резултат на воспоставениот бизнис модел на Банката, прилагоден на потребите на клиентите и пазарот. Истиот период во 2020 година беше под изразено влијание на пандемијата и подобрените резултати беа планирани и очекувани за 2021 година.

Во билансот на успех за првите 9 месеци забележуваме пораст на нето приходите од провизии и надоместоци за 16%, 40% повисоки приходи од курсни разлики, 3% пораст на нето приходите од камати а во исто време Банката успеа да ги одржи оперативните трошоци на релативно исто ниво, како предходната година.
 
Кредитното портфолио на Банката расте за 7% во однос на 31.12.2020, односно околу 76 милиони евра повеќе беше одобрено во кредитни производи за економијата, при стабилна состојба на депозитите. Банката продолжува да биде стабилна и самостојно финасирана, што може да се заклучи од соодносот кредити/депозити кој изнесува 89%, оставајќи доволно простор за понатамошен раст. Посветеноста на Банката кон клиентите, која е главен фокус и предизвик во исто време, останува да биде еден од нашите приоритети. Со овие постигнати резултати, гледајќи кон тековниот квартал, очекуваме уште една успешна година. Банката ќе продолжи да ги реализира започнатите проекти за дигитализација и подобрување на каналите за комуникација со клиентите, како и да ги подобрува функционалностите на постојните канали, на тој начин уште повеќе приближувајќи се до клиентите, посебно во услови на пандемија. Нудиме полна поддршка на нашите клиенти преку производи и услуги прилагодени на пазарните потреби.
 
Продолжуваме да одржуваме високо пазарно учество од 27% во кредитирање за население и нагорен тренд во корпоративното кредитирање кое постигна 15.14%. Покрај сето ова, како и досега, менаџерскиот тим продолжува да го развива човечкиот потенцијал и да обезбедува бизнис континуитет, а  исто така Банката ќе продолжи да биде поддршка на нашата заедница во справување со продолжената ковид пандемија и нејзините ефекти врз општеството и економијата.


Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна


Аплицирај online

МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња“ кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата“. За други опции, одете во „Поставки за колачиња“. Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство.