header image

Објавени финансиските резултати за првиот квартал

28. 4. 2023

 

Објавени финансиските резултати за првиот квартал

 

Линк до Анализата на финансиските резултати на Стопанска банка АД – Скопје за период 1. 1. 2023 – 31. 3. 2023 година објавена на seinet.com.mk

Во согласност со очекувањата, во првиот квартал од 2023 година, Стопанска банка АД - Скопје оствари добивка пред оданочување и резервации во износ од 1 151 593 илјади денари, што е 25 % повеќе споредено со претходната година. Истовремено, врз основа на прудентните политики на Банката за управување со ризиците, имајќи ги предвид сите предизвици што ги носи тековното деловно опкружување, глобално и на ниво на домашната економија, во текот на првиот квартал од 2023, Банката издвои исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансна изложеност, на нето-основа, во износ од 375 149 илјади денари. Со тоа, добивката на Банката пред оданочување на 31.3.2023 година изнесува  776 444 илјади денари и во однос на истиот период од минатата година е повисока за 5 %. Во најголем дел, ова е резултат на зголемени приходи по сите основи заради континуираниот тренд на зголемување на  обемот на деловни активности, како и зголеменото кредитно портфолио на Банка.

Во билансот на успех бележиме нето-приходите од камати зголемени за 30 % во однос на истиот период од минатата година, како резултат на интензивните кредитни активности и зголеменото кредитно портфолио на Банката и трендот на раст на каматните стапки, додека нето-приходите од провизии и надоместоци се намалени за 3 % во однос на анализираниот период во 2022 година.

Во билансот на состојба вкупната актива изнесува 121 240 794 илјади денари а вкупните депозити на други комитенти изнесуваат 92 419 934 илјади денари.
Капиталот и резервите изнесуваат 22 894 732 илјади денари, што претставува  зголемување за 3 % во однос на крајот на 2022 година.

Во следниот период Банката продолжува со реализација на започнатите проекти, пред сè, во делот на дигитализацијата, како и подготовка на понуда на нови услуги. Секако, фокусот останува на редовното и ефикасно извршување на основните деловни активности, одржување на лидерското пазарно учество од околу 27 % во сегментот на кредитирање на население, со фокус за натамошно зголемување на пазарното учество во делот на кредитирање на компаниите, кое на крајот на март 2023 година достигна 16,4 %.
Грижата за општествената заедница како и секогаш останува во зацртаната агенда на Банката, преку реализација на повеќе  проекти што станаа препознатливи во заедницата,  како и со повеќе донации - како пред пандемијата така и за време на пандемијата. При крајот на првиот квартал годинава, Банката ја реализираше и втората фаза од проектот „Зелен ѕид“ засадувајќи нови 300 високи садници дрвја во Скопје, долж Кејот на реката Вардар од Националната арена „Тоше Проески“ до мостот „Близнак“. Со проектот што ќе се одвива во период од две години, Банката има за цел да го зголеми фондот на дрвја во Градот со домашни видови липа, црвен даб, багрем, јавор, црвен јавор и прунус и со тоа да засади нов зелен појас што, како што ќе расте низ годините, ќе ја подобрува животната средина за сите нас.
Истовремено, покрај клиентите и пошироката заедница, Банката продолжува и понатаму со соодветна грижа и посветеност кон своите вработени.

Во првиот квартал од 2023 година Банката нема извршено исплата на дивиденда.

Стопанска банка АД - Скопје
На ваша страна

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња" кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња" давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата". За други опции, одете во „Поставки за колачиња". Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство. За повеќе информации, посетете ја нашата Политика за колачиња.