Објавени финансиските резултати за првата половина на годината
28. 07. 2023
Објавени финансиските резултати за првата половина на годината – Банката останува посветено во поддршка на економијата
Стопанска банка АД - Скопје ги објави финансиските извештаи за првата половина од 2023 година со што покажа во континуитет остварување на солидни резултати во сите аспекти во работењето:
- Приходите од основната дејност се зголемени за 25% во однос на истиот период во 2022 година, како резултат на порастот на нето каматните приходи и водени од органскиот пораст на кредитното портфолио од 3%, како и зголемената високо–ликвидна актива, дополнително поддржана од порастот на каматните стапки,
- Оперативните трошоци останаа на ниско ниво и покрај растот на инфлацијата и цените, одржувајќи ниско ниво на индикаторот оперативни трошоци / вкупни редовни приходи (Cost/Income) од 31%, кој е на најниско ниво на пазарот,
- Банката продолжи да генерира капитал како одраз на силната профитабилност и со последната капитализација од 25 милиони евра, регулаторниот капитал на Банката порасна за 9% а стапката на адекватност на капиталот достигна 17,29%,
- Профитот пред одданочување изнесува 1.67 милјарди денари и е поголем за 2% во однос на првата половина од 2022 година.
Покрај основната дејност, главни предизвици на Банката во идниот период се дигитализацијата и автоматизацијата на процесите и услугите, оддржување на ефикасен систем на управување со ризици, поддршка на клиентите и иновација на банкарската понуда. Така, неодамна Банката воведе т.н. Goоgle Wallet-апликација со која се овозможува плаќање преку мобилен уред и беше првата Банката која ја воведе оваа услуга на пазарот. Задржувањето на лидерското место и учество од 27% во сегментот на население и над 16% во сегментот на компании е одговорна и исцрпна задача која претпоставува посветеност и ангажман на сите вработени.
Банката ќе продолжи да ги поддржува и надградува активностите во социјалната и општествената сфера, кои ја прават препознатлива во заедницата, и во исто време ќе продолжи да ги негува и унапредува условите за работа на своите вработени.
Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна