header image

Нови online сервиси за i-bank корисниците

14. 10. 2021

 

Нови online сервиси за i-bank корисниците

 

Најава, регистрација и промена на заборавена лозинка – брзо, лесно и достапно 24/7

Стопанска банка АД – Скопје одговарајќи на зголемениот број на корисници на i-bank дигиталните услуги (електронско, мобилно и телефонско банкарство) овозможи платформа преку која клиентите можат самостојно и 24/7 да:
•    се регистрираат и станат нови корисници на i-bank услугите
•    побараат користење на софтверски токен за плаќања преку i-bank услугите
•    добијат нова лозинка при заборавање на истата и
•    бидат потсетени за корисничкото име при заборавање на истото

Платформата е достапна на нашата веб страница за сите клиенти на Банката кои имаат ажурирани податоци во нашите системи, имаат активна трансакциска сметка и платежна картичка од Стопанска банка.

БРЗА и ЛЕСНА регистрација за добивање на корисничко име и лозинка, БЕСПЛАТНО на линкот. Искористете ја можноста за увид на сите ваши сметки преку i-bank сервисите.
Плаќање и ажурирање со активирање на софтверски ОТР токен. Достапно за сите i-bank корисници кои имаат корисничко име и лозинка, а сега сакаат да вршат онлајн плаќања и да ги ажурираат своите податоци онлајн!
Со ОТП токенот може да се плаќаат режиски трошоци, рата од кредитни производи како и трансфери на средства од сметка кон сметка, со повластени провизии. ОТП токенот заштедува на време а притоа овозможува навремено извршување на финансиските обврски и да автентицирање за онлајн ажурирање.

За сите дополнителни прашања и услуги клиентите може да се обратат во нашите филијали или преку 24/7 Контакт центар на (02)3100 109 каде можат и во секое време да извршат ажурирање на своите контакт податоци за непречено користење на услугите на Банката.

Дополнително, со најновите верзии на m-banking мобилната апликација достапни за iOS, Android и Huawei оперативните системи овозможено се следните нови функционалности:

  • ПРАВНИТЕ ЛИЦА можат да плаќаат налози и да се автентицираат со OTP токен
  • Дoстапен е дигитализиран Visa Vero ваучер, можност да се генерира директно од m-banking апликацијата, од менито на кредитна картичка
  • Додадено е поле РАСПОЛОЖЛИВИ СРЕДСТВА на почетниот екран, во увид на сметките. Ова поле е значајно за  корисниците на кредитна картичка и на дозволено пречекорување, затоа што ги прикажува средствата кои можат да се потрошат и се на располагање за плаќање со картичка.
  • Детален увид на VISA Business картички (изводи и дневни трансакции) и
  • Приказ на таргетирани рекламни содржини од Банката


За i-bank услугите

i-bank претставува пакет на иновативни канали кои ви даваат слобода сами да изберете кога, каде и како ќе ги користите банкарските услуги. Иновативните банкарски канали на Стопанска банка ќе го направат вашето секојдневие поедноставно и ќе ви овозможат да ги завршите сите обврски во најкраток можен рок. Имајте ја Банката секогаш до вас и извршувајте ги сами банкарските трансакции без разлика на времето и локацијата.

i-bank услуги:

ЧПП Прашања за i-bank

 

КОРИСНИ ВИДЕО СОДРЖИНИ

 

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња" кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња" давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата". За други опции, одете во „Поставки за колачиња". Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство. За повеќе информации, посетете ја нашата Политика за колачиња.