header image

Нова понуда во банкоосигурувањето - Осигурување на отплата на кредит

17. 11. 2021

 

Нова понуда во банкоосигурувањето - Осигурување на отплата на кредит

 

Стопанска банка АД - Скопје и Кроација осигурување Неживот АД Скопје ја прошируваат понудата на Банкоосигурување на домашниот пазар со понуда за осигурување на отплата на кредит


Во насока на поттикнување на развојот на домашниот осигурителен пазар Кроација осигурување и Стопанска банка неодамна ја проширија понудата на Банкоосигурување на македонскиот пазар за првпат овозможувајќи им на клиентите осигурување на отплата на кредит (во светот познато како CPI - Creditor protection insurance)!


Со оваа понуда корисниците на ново-одобрени кредити од Стопанска банка АД - Скопје, добиваат можност да склучат договор за осигурување на отплатата на кредитот кој им обезбедува финансиска стабилност за време на отплатата на кредит, овозможувајќи им на клиентите времено премостување на одредени животни предизвици што можат да настанат за време на отплатата на кредитот како што се: губење на работа, незгоди, подолги боледувња и др.  
Особено не радува што за кратко време од воведувањето, oсигурувањето на отплата на кредит беше препознаено од клиентите како додадена вредност и веќе со почетокот на ноември (месецот на осигурувањето) ја забележавме продажбата на 100-тата полиса од овој вид осигурување.

По тој повод, на ден 17. 11. 2021 г.  во рамки на новоотворениот i-bank corner на Стопанска банка во трговскиот центар East Gate Mall, покрај кратката презентација на новата понуда, доделен беше и пригоден подарок на 100-тиот корисник на Осигурувањето на отплата на кредит – викенд во Крушево за 2 лица.

Повеќе детали за можноста за користење на осигурувањето на отплата на кредит заинтересираните клиенти можат да добијат ексклузивно во сите филијали на Стопанска банка или на АлоКредит достапен 24/7 на (02) 15110

За осигурување на отплата на кредит:
Осигурување на отплата на кредити (Creditor protection insurance CPI) е наменски развиено покритие со кое, во случај на остварување на предвидените ризици, од една страна Банката го намалува ризикот во случај на одредени настани во текот на животниот циклус на отплата на кредитот, а од друга на корисниците на кредит добиваат сигурност и редовно финансирање на своите обврски без оглед на состојбата во која се наоѓаат. Доколку се случи осигурен настан поврзан со смрт или трајна целосна неспособност за работа, семејството не го наследува долгот на заемот и останува финансиски заштитено затоа што неплатениот износ на заемот, кој исто така претставува и осигурена сума, ќе биде подмирен во целост. Од друга страна доколку корисникот на кредит дојде во ситуација на невработеност или боледување, осигурувањето во периодот на траење на еден од овие настани ги надоместува месечните ануитети.

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња" кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња" давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата". За други опции, одете во „Поставки за колачиња". Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство. За повеќе информации, посетете ја нашата Политика за колачиња.