header image

Нова наградна игра „со VISA до Париз на Олимпијада“

1. 4. 2024

 

Нова наградна игра „со VISA до Париз на Олимпијада“

 

Стопанска банка АД - Скопје во соработка со VISA организираат голема наградна игра во која најсреќните добитници ќе патуваат на Олимписките игри во Париз ова лето.

Наградната игра „Со VISA картички до Париз на Олимпијада 2024“ ексклузивно се организира само за корисниците на VISA картички издадени од Стопанска банка. Таа почна денеска (1 април) и ќе трае до 31 мај. Во неа може да учествуваат сите полнолетни граѓани кои во наведениот период имаат направено безготовински трансакции со VISA дебитна или кредитна картичка од Стопанска банка. Секоја трансакција носи по едно право на учество во извлекувањето. Колку повеќе трансакции се направени, толку се поголеми шансите за добивка. На крајот на наградната игра ќе бидат извлечени двајца најсреќни добитници кои ќе добијат по два авионски билети за патување во Париз и посета на олимписките игри во организација на VISA. Покрај двете главни награди, во наградната игра ќе бидат доделени и 14 штици за веслање (СУП) и 14 мини фудбал игри.

За правилата на наградната игра може да се информирате подетално на следниот линк.

Извлекувањето на наградите е закажано за 12 јуни, при што добитниците ќе бидат извлечени автоматски, по принципот на случаен избор, со помош на специјален софтвер изготвен за таа намена.

Стопанска банка и VISA им посакуваат среќа на сите учесници во наградната игра.

80 години
На ваша страна

 

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња" кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња" давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата". За други опции, одете во „Поставки за колачиња". Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство. За повеќе информации, посетете ја нашата Политика за колачиња.