header image

Нова донација - Втор СТБ детски велодром

14. 11. 2024

Нова донација - Втор СТБ детски велодром

Преку својата долгогодишна општествено одговорна кампања „Вози право, вози здраво“ Стопанска банка продолжува да ја збогатува понудата на урбана велосипедска опрема во Скопје на задоволство на децата и семејствата од Градот.
Деновиве предаден беше во употреба вториот СТБ Детски велодром, изграден во еден од најубавите паркови во државата, паркот Сарај на површина од 1.500м2.



Како надополнување на бројните спортско рекреативни содржини во големиот парк, семејствата со помали деца сега ќе можат на безбеден начин да вежбаат возење велосипед во урбани услови, а притоа и да учат и совладуваат бројни сообраќајни правила со помош на поставената хоризонтална и вертикална сигнализација.
Како и претходните донации во рамки на кампањата „Вози право, вози здраво“, Банката наиде на огромна поддршка од Град Скопје во изборот на локација, дизајнирањето и изведбата на оваа интерактивна семејна содржина. Оттука, за изведбата на Велодромот, Банката оствари соработка со јавните претпријатија Улици и патишта и Паркови и зеленило овозможувајќи на тој начин услови за поголема одржливост на донацијата.


При посетата на Велодромот, Генералната директорка за банкарство на мало г-а Милица Чапаровска Јовановска изјави:
Инспирирани од позитивните реакции и од големата искористеност на претходните наши донации реализирани под мотото „Вози право, вози здраво“ уверени сме дека и оваа нова содржина во Паркот Сарај ќе наиде на голем одзив кај младите семејства.
Веруваме дека секоја инвестиција направена во промоција на урбаниот велосипедизам дава долгорочни позитивни ефекти не само на индивидуално ниво туку и за колективот – подобро здравје, почиста животна средина и секако подобро расположение.

Стопанска банка останува доследна во своите заложби да биде активен член на општеството и покрај постигнувањето одлични резултати од своето работење да биде во континуирана поддршка на заедницата.

Градоначалничката на Град Скопје г-а Данела Арсовска, во оваа прилика изјави:
Ова е уште една спортско-рекреативна содржина со која ја зголемуваме понудата и атрактивноста за љубителите на спортот во Скопје. СЦ „Сарај“ станува дом на сите вљубеници на велосипедизмот, ролерите и скејтбордите, а истите ќе можат да уживаат и во другите забавни содржини на еден од најголемите рекреативни центри во нашиот град. Изразувам благодарност до претставниците на Стопанска банка, која како општествено одговорна компанија во рамки на кампањата „Вози право, вози здраво“ реализираше уште еден проект значаен за граѓаните.“

За донацијата:
СТБ детскиот велодром #2 е минијатурна урбана сообраќајница без почеток и крај која на децата им овозможува да вежбаат возење велосипед во отсуство на автомобили и метеж, на безбеден и едукативен начин.

Поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација овозможуваат децата да се запознаат подобро со поимите пешачки премин, кружен тек, семафор, рампа, паркинг и на тој начин да бидат подготвени да станат активни учесници во сообраќајот.
Потегот ќе биде дополнително збогатен со зимзелени садници и детски играчки.

Инвеститор е Стопанска банка АД – Скопје, Проектантска фирма е Радиус архитекти, градежните работи ги изведоа ЈП Улици и патишта и Интеко ДООЕЛ, додека за хортикултурното уредување се погрижија Фоја ДООЕЛ и ЈП Паркови и зеленило.

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња" кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња" давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата". За други опции, одете во „Поставки за колачиња". Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство. За повеќе информации, посетете ја нашата Политика за колачиња.