header image

Најава за вториот Stopanska Triogy Triathlon

19. 4. 2022


Триатлон натпревар Stopanska Triogy Triathlon 2022 на 14 мај во Скопје


Стопанска банка и Триатлон клубот „Триоги Рејсинг“ го најавуваат вториот триатлон натпревар Stopanska Triogy Triathlon 2022 кој ќе се одржи на 14 мај 2022 година во Скопје. Главниот град повторно ќе биде место каде што ќе се слави триатлонот – спорт кој е брзорастечки во светот, а и кај нас добива сè поголемо внимание.

Нашиот прв триатлон натпревар одржан во 2019 години претставува најмасовен триатлон натпревар во нашата држава со преку 150 учесници. За жал, во 2020 и 2021 година, поради пандемијата од ковид-19, не добивме дозвола за да го организираме настанот повторно.

На голема радост и со голема поддршка од Стопанска банка АД - Скопје, Stopanska Triogy Triathlon 2022 ќе стане возможна мисија. Подготвени сме со сопствена судиска екипа и техничка поддршка од страна на Триатлон федерацијата на Северна Македонија, да обезбедиме трка на која секој натпреварувач би сакал да учествува и веруваме дека овој натпревар ќе прерасне во традиционален натпревар кој ќе им овозможи на македонските триатлонци да се натпреваруваат на домашен терен.

Оваа година очекуваме преку 200 натпреварувачи, а потврдено е учество и на триатлонци од Хрватска, Бугарија, Турција, Србија и од Црна Гора.

Пријавувањето за Stopanska Triogy Triatlon е до 7 мај, на следниот линк.
Оваа година натпреварувачи кои ќе бидат поделени во неколку категории, во машка и женска конкуренција и тоа:

  • Деца 1, родени 2013 г. и помали
  • Деца 2, родени од 2012 г. до 2010 г.
  • Кадети, родени од 2009 г. до 2007 г.
  • Јуниори, родени од 2006 г. до 2003 г.
  • Елитна група, родени пред 2002 г.(кои ќе се борат за титулата Државен првак на Македонија)
  • Мастерс група или ентузијасти родени после 2002 г.

Триатлон натпреварот ќе се одржи на следните локации: во делот од пливањето на базенот СРЦ „Борис Трајковски“, во делот на велосипедизмот – долж булеварот Илинден од потегот на СРЦ „Борис Трајковски“, сè до исклучувањето кон „Скопје Сити мол“ и назад по десната коловозна лента. Делот од трчањето се изведува околу паркинзите на СРЦ „Борис Трајковски“.

За Триоги рејсинг:
„Триоги Рејсинг“ – Скопје е најтрофејниот триатлон клуб во Македонија. Постои 6 години, има повеќе од 100 члена и 100-ци медали освоени на домашни и на меѓународни натпревари. Ние вложуваме најмногу во развојот на овој спорт кај децата, затоа што сметаме дека само така ќе имаме здрава младина.

За Стопанска банка:
Стопанска банка АД – Скопје е Банка со најдолга традиција на пазарот и како општествено одговорна компанија е долгогодишен поддржувач на спортот во С. Македонија. Поддршката на Триатлонот во Скопје е уникатна можност да се делува директно во развојот на овој актуелен спорт и во градење на нови спортски традиции за Градот и државата.

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња“ кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата“. За други опции, одете во „Поставки за колачиња“. Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство.