header image

Најава за ВОЗИ ПРАВО, ВОЗИ ЗДРАВО по 6ти пат

25. 5. 2022

 

Најава за ВОЗИ ПРАВО, ВОЗИ ЗДРАВО по 6ти пат

 

Стопанска банка АД - Скопје со задоволство го најавува шестото издание на „Вози право, вози здраво“ - општествено одговорен настан за промоција на велосипедизмот како форма на урбан транспорт што ја заштитува животната средина а воедно е корисна за здравјето и благосостојбата на човекот.

#ВПВЗ е кампања која Банката ја спроведува од 2015та година и која кулминира со ревијална трка низ скопските улици на илјадници учесници со велосипеди, тротинети, ролерки, скироли и со бебешки колички и голема забава во градскиот парк.

Повелете на шестото издание кое ќе се одржи на 5 јуни со старт од 18 часот пред Порта Македонија а целта е добропознатиот градски парк каде не очекува забава, освежување, награди и многу изненадувања.

Регистрацијата е веќе отворена и повеќе информации за настанот можете да најдете на нашата веб страница.

Банката повторно ќе се надоврзи на бројните досегашни донации за изградба и одржување на велосипедската инфраструктура која е клучна за градење на велосипедската култура кај граѓаните. За потсетување, од претходните изданија на ВПВЗ произлегоа: првиот детски велосипедски полигон, 14 станици за поправка на велосипеди, 105 паркинзи за велосипеди, поддршка за изградбата на првиот pumptrack полигон и изградба на вториот pumptrack полигон во Скопје – TOPSI Pumptrack. Се гордееме со сите овие урбани содржни кои граѓаните, посебно децата, активно ги користат во текот на целата година.
Донацијата од овогодинешниот настан ќе биде дополнително објавена во координација со Град Скопје.

Ве очекуваме заедно да ги освоиме улиците и да бидеме дел од промената која сакаме да ја видиме во светот.

Стопанска банка АД - Скопје
На ваша страна

 

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња" кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња" давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата". За други опции, одете во „Поставки за колачиња". Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство. За повеќе информации, посетете ја нашата Политика за колачиња.