header image

Најава за „Сонуваме. Менуваме“ vol. 5 и повик за грантови

12. 12. 2023

 

Најава за „Сонуваме. Менуваме“ vol. 5 и повик за грантови

 

Пред нас е петтото издание на „Сонуваме. Менуваме“ – кампања за подигнување на свеста кај јавноста за потребата од поголема инклузија на лицата со посебни потреби во општеството.

Како нераздвоен дел од кампањата Стопанска банка АД - Скопје повторно ќе им додели грантови во вредност од 20.000евра на асоцијациите на лица со посебни потреби за реализација на конкретни проекти со кои се поттикнува инклузијата на децата со посебни потреби и се подобруваат условите во средината во која учат и живеат.

На јавниот повик за доделување грантови може да се пријават сите асоцијации на деца со посебни потреби, со инвалидитет или периферни оштетувања. Организациите треба да аплицираат со конкретни проекти кои опфаќаат поголем број деца, овозможуваат континуирана работа со нив преку нови едукативни, инклузивни или физиотерапевтски методи или пак овозможуваат нивна поголема слобода при движењето и извршувањето на секојдневните активности.


Испратените проекти треба да содржат информации за целната група, времетраењето на проектот, целта и очекуваните резултати, буџетот за реализација, како и за носителот на проектот (апликант, асоцијација, здружение и сл.). Проектите, заедно со контакт податоците, треба да се испратат најдоцна до 20 декември 2023 година, на мејл адресата csr@stb.com.mk со назнака „Предлог проект за грант: Сонуваме. Менуваме. 2023“.


Проектите ќе ги евалуира посебно формирана комисија од Стопанска банка а избраните проектите кои добиле финансиска поддршка ќе бидат објавени на 29 декември 2023 година.


Во изминатите години, неколку десетици асоцијации и организации на лица со посебни потреби добија грантови за реализација на повеќе проекти. Дел од нив се специјализирани училишта и институции за деца со оштетен слух или вид, организации за помош и поддршка на лица со Даунов синдром, здруженија за лица со церебрална парализа и др.


Кампањата “Сонуваме. Менуваме“ своја кулминација ќе достигне повторно со театарско/музички спектакл кој ќе се прикаже во МНТ во 5 термини од 20ти до 27ми декември. Зад претставата стојат ОхО продукција со омилените ликови од „5+ фамилија“ и режисерот Дејан Пројковски па очекуваме одлична семејна забава.
Дознајте повеќе детали за претставите и продажбата на билети.

Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња“ кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата“. За други опции, одете во „Поставки за колачиња“. Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство.