Најава за привремен прекин на системот за картично работење
6. 10. 2023
Најава за привремен прекин на системот за картично работење
Во согласност со планираните активности, поради неопходни надградби на серверската инфраструктура Банката најавува дека на ден 08. 10. 2023 во раните утрински часови помеѓу 3 и 5 часот наутро, ќе биде спроведен прекин на системот за картично работење во траење од 60 минути. Во истото време можен е делумен прекин и на достапноста на дигиталните канали (e-banking, m-banking).
Стопанска банка АД – Скопје постојано инвестира во надградба и модернизација на инфраструктурата во склад со растечките потреби на клиентите од современи банкарски решенија.
Ви благодариме на разбирањето.
Стопанска банка АД – Скопје