Најава за можен краткотраен прекин поради планирана надградба на 25.2.2024
24.02.2024
Најава за можен краткотраен прекин поради планирана надградба
Почитувани,
Ве известуваме дека во недела на 25.2.2024 година, во раните утрински часови помеѓу помеѓу 01:00 и 04:30, во траење до 60 минути, ќе се врши миграција на нова мрежна инфраструктура, а притоа можен е краткотраен прекин на фунцкионалноста на дигиталните канали, банкоматите и ПОС терминалите на Банката.
Банката за одржување и унапредување на своите комплексни системи спроведува ваков вид на активности во часови со најмал обем на активност на клиентите.
Ви благодариме на разбирањето.