Награда од "Commerzbank" за Стопанска банка
10.07.2020
Награда од "Commerzbank" за Стопанска банка
Стопанска банка АД - Скопје е добитник на наградата од „Комерцбанк“, за 2019 година, за одличен квалитет при обработката на комерцијалните плаќања и финансиските трансфери.
Преку бројот на обработени трансакции и квалитетот на форматот и структурата на свифт-пораките, во согласност со стандардите на СВИФТ, оваа реномирана деловна банка дава вакви признанија за висока усогласеност со меѓународните стандарди.
Наградата е признание за вложените труд и ресурси од страна на Стопанска банка за постигнување на високо ниво на подготвеност во областа на плаќањата.
Стопанска банка продолжува да инвестира во знаења и размена на искуства со светски реномирани брендови унапредувајќи ги притоа услугите кои ги нуди за своите клиенти. Поддршката на Банката како финансиски партнер е секогаш потребно да биде со врвен квалитет.
Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна