header image

“Мудрости - Радости“ соопштение

04.09.2017

 

„МУДРОСТИ - РАДОСТИ“
за почетокот на школската година

Во рамки на својата општествено одговорна активност, Стопанска банка АД - Скопје, во саботата 02.09 на платото на МОБ го реализираше настанот насловен „Мудрости – Радости“ со учество на:


•   Ла Ла Ла“ балетско шоу, МОБ
•    5+ бенд
•    DJ и танцово шоу на студио Break a Leg
•    Лотарија со вредни подароци и многу интерактивни содржини
 

Настанот имаше за цел да ги нагласи предностите кои ги нуди образованието - откривање и совладување на нови знаења и создавање на поубава иднина за сите како за учениците така и за родителите. Токму затоа, сите присутни деца на настанот покрај бројните изненадувања добија и примерок од новата детска книга „Книгата што никогаш не беше иста“ и се надеваме ќе бидат инспирирани не само за читање туку и за творење.
Книгата, во продукција на Стопанска банка е изработена од авторките текст: Билјана Црвенковска, илустратор: Катерина Николовска и ќе биде дистрибуирана до школските библиотеки со што ќе биде достапна за сите деца љубители на читањето.

 

Овој инспиративен настан беше наменет за децата од школска возраст, посебно за најмладите кои се највозбудени за почетокот на школската година. Сакаме да се увериме дека децата во училишните клупи не се стекнуваат само со оценки за знаењето, но и дека таму се формираат себеси, се надградуваат и подобруваат со секоја школска обврска и домашна задача. Веруваме дека со ваков поглед кон школувањето децата ќе бидат посреќни и поисполнети што е само по себе победа.“ – изјави Г. Диомодис Николетопулос, Генерален извршен директор на Стопанска банка АД – Скопје.

 

Со попладневната интерактивна забава „Мудрости – Радости“, Стопанска банка АД – Скопје уште еднаш им посакува возбудлива и убава школска година на сите ученици и родители, исполнета со многу предизвици.
За крај, поттикнувајќи го поривот за знаење и откривање, Стопанска банка АД – Скопје  како општествено одговорна компанија подготвува и донација, чии детали наскоро ќе ги обелодени а која ќе обезбеди подобри условите за истражување, соработка и пренесување на стекнатите знаења на учениците.

 

Фото галерија од настанот е достапна на овој линк.

Резултатите од лотаријата се достапни на овој линк.

 

Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња“ кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата“. За други опции, одете во „Поставки за колачиња“. Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство.