header image

Кампања за безбедност при интернет купување

4. 11. 2021

 

Кампања за безбедност при интернет купување

 

Министерството за внатрешни работи преку Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, во соработка со Европол и Стопанска банка АД - Скопје се вклучија во годинешната кампања за подигнување на свеста за безбедно купување преку интернет, што започна денеска, а во која учествуваат органите за спроведување на законот од 16 земји кои се здружија со Европскиот центар за компјутерски криминал на Европол и Советот заштита на трговците од ризик (Merchant Risk Council) за да споделат практичен совет како да се надмудрат криминалците кои се обидуваат да го злоупотребат купувањето преку интернет.

Лидер на Акцијата за е-трговија за 2021 (eComm 2021) е AP Terminal од Европскиот центар за сајбер криминал во Европол, ко-лидер на акцијата е австриската Служба за криминалистчко разузнавање (Bundeskriminalamt), а учесници се сите земји-членки и партнери на ЕУ. Во eComm 2021 учество земаа и надлежните агенции за спроведување на законот од сите земји учеснички со нивни истражни мерки и нивна поддршка преку кампањата наречена „Продавај безбедно“ (SellSafe). Пријавените случаи ќе се селектираат во Европол и ќе бидат означени со eComm 2021 за да им се даде приоритет. Органите за спроведување на законот, како и клучните малопродажни партнери ќе ги споделуваат пораките од кампањата со помош на хаштагот #SellSafe за да можат да се обратат на колку што може поширока публика.

Дознајте повеќе за кампањата и за алатките за заштита на вашите финансии на следниот линк на нашата веб страница.


Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња" кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња" давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата". За други опции, одете во „Поставки за колачиња". Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство. За повеќе информации, посетете ја нашата Политика за колачиња.