header image

Извлечен среќниот добитник на 1 милион денари

29. 7. 2021

 

Извлечен среќниот добитник на 1 милион денари

 

Откако заклучно со 24. 7. 2021 заврши наградната игра „Милион причини да плаќаш безбедно“ со VISA и MasterCard картичките од Стопанска банка АД - Скопје, спроведено беше извлекувањето на последната, десеттата група на неделни добитници на 15.000 денари и на главната награда од 1 милион денари.

 

Со извлекување на добитникот во живо на Facebook веднаш по проверка на критериумите беше остварен иницијален телефонски контакт и добитникот А. З. од Скопје со ID број 02345630 беше известен за добивката од 1 милион денари. Добитникот беше известен дека станува збор за огромна среќа да се биде извлечен од огромната база со неколку милиони трансакции кои учествуваа во извлекувањето за главната награда. Имено, во главното извлекување учествуваа сите трансакции од почетокот на наградната игра до самиот крај а секако, трансакциите направени со плаќање online имаа двојно право на учество.

Во текот на следната недела, добитникот се согласи да оствари посета на Централата на Банката во која прилика и ќе ни открие малку повеќе за неговата иницијална реакција како и за плановите кои ги има за употреба на оваа вредна награда.

Добитниците на 15.000 денари од последното неделно извлекување се:

  1. Среќниот добитник бр. 1 е:
    J. J. од Велес со ID број: 02799636
  2. Среќниот добитник бр. 2 е:
    С. Ш. од Демир Хисар со ID број: 01571915
  3. Среќниот добитник бр. 3 е:
    О. Б. од Неготино со ID број: 03126846
  4. Среќниот добитник бр. 4 е:
    В. Д. од Струга со ID број: 00437109
  5. Среќниот добитник бр. 5 е:
    Д. А. од Скопје со ID број: 02774715
  6. Среќниот добитник бр. 6 е:
    Ц. Н. од Кичево со ID број: 00058977
  7. Среќниот добитник бр. 7 е:
    Г. П. од Куманово со ID број: 01177177
  8. Среќниот добитник бр. 8 е:
    Н. Р. од Велес, Скопје со ID број: 02282469
  9. Среќниот добитник бр. 9 е:
    Д. Л. од Скопје со ID број: 00723099
  10. Среќниот добитник бр. 10 е:
    Р. М. од Скопје со ID број: 03050191

 

На сите 101 добитници им честитаме и им посакуваме и понатаму многу среќа а на сите учесници им благодариме за лојалноста и соработката. Банката и понатаму ќе продолжи да организира активности со кои ќе ја наградува лојалноста и активното користење на картичните производи.

 

Стопанска банка АД - Скопје
На ваша страна

 

 

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња" кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња" давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата". За други опции, одете во „Поставки за колачиња". Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство. За повеќе информации, посетете ја нашата Политика за колачиња.