Известување за провизии за неактивни сметки со мало салдо
19.06.2019
Известување за провизии за неактивни сметки со мало салдо
Почитувани клиенти,
Ве известуваме дека Стопанска банка АД – Скопје, почнувајќи од 06 јули наплаќа надомест за водење на неактивни сметки со мало салдо до 300 денари, во висина од 20 денари месечно.
Овој надомест ќе се наплаќа од денарски и девизни сметки на физички лица, при што неактивна сметка е онаа сметка на која не се евидентирани трансакции направени од страна на клиентот во последните 12 месеци.
За детален увид во актуелните надоместоци, обратете се во Филијалите на Банката, во 24/7 Контакт центарот на (02) 3100-109 или на официјалната тарифа објавена на веб страницата на Банката (во тарифни точки 57.63 и 58.46).
Стопанска банка АД - Скопје
На ваша страна