Известување за промена на надоместоци
1. 4. 2024
Известување за промена на надоместоци
Во примена од 1 јуни 2024 година, Стопанска банка АД – Скопје (во понатамошниот текст Банката) врши ревидирање на надоместоците за уплата и повлекување на готовина и плаќања, на шалтерите на банката, за физички и правни лица.
За повеќе информации, на следниот линк детално се прикажани надоместоците кои ќе се применуваат од 1 јуни 2024 г.
За брзо, едноставно и бесплатно вршење на уплати и исплати на готовина на/од вашите платежни сметки користете ги банкоматите на банката. За ваше информирање, Банката во текот на 2023 и 2024 година постави 60 банкомати низ земјата со функционалност за 24/7 уплата на готовина, со што двојно го зголеми капацитетот и достапноста на овие трансакции како за правните, така и за физичките лица. Станува збор за нови, современи банкомати кои покрај новите функционалности, овозможуваат и бесконтактно користење и нудат зголемена безбедност.
Банката во континуитет инвестира во нови, современи решенија достапни преку i-bank дигиталните канали за правни и за физички лица, при што користењето на дигиталните канали го заштедува Вашето време, енергија и ресурси а вашите плаќања се брзи, едноставни и поевтини. Во чекор со новите технологии, променете ги вашите навики и вршете брзо, лесно и безбедно плаќање на вашите редовни месечни обврски за режиски трошоци и плаќања за други производи и услуги преку дигиталните (i-bank) канали на Банката, достапни 24/7, со значително пониски надоместоци.
За потрадиционалните корисници, останува достапна опцијата за вршење на различни видови на плаќања со услугата траен налог. Регистрацијата и користењето на услугата траен налог е бесплатна.
За поедноставно користење на погоре наведените услуги, Банката изработи серија видео упатства (достапни на линковите во продолжение), со кои врши континуирана едукација на своите корисници:
• Уплата на готовина на банкомат
• Користење на дигитални услуги