Измена на тарифа за надоместоци - ПОС терминали (физички и виртуелни)
31. 12. 2024
Измена на тарифа за надоместоци - ПОС терминали (физички и виртуелни)
Ве известуваме дека Стопанска банка АД – Скопје изврши измена и дополнување кај надоместоците за правни лица кои прифаќаат платежни картички преку ПОС терминали.
Измени на месечниот надомест за одржување на ПОС терминали при што износите од 1 Март ќе изнесуваат:
- Месечен надомест за одржување на ПОС терминали со промет помеѓу 20.000 – 80.000 денари изнесува 380 денари
- Месечен надомест за одржување на ПОС терминали со промет над 80.000 денари изнесува 180 денари.
Измени во месечниот надомест за одржување на сервисот за електронска трговија (e-commerce) при што износите од 1 Март ќе изнесуваат:
- Месечен надомест за одржување на e-commerce сервисот со промет помеѓу 20.000 – 80.000 денари изнесува 380 денари
- Месечен надомест за одржување на e-commerce сервисот со промет над 80.000 денари изнесува 180 денари
- Месечен надомест за одржување на e-commerce сервисот овозможен за дополнителни функционалности: recurring, card on file или custom css - 1000 денари, независно од остварениот промет преку e-commerce сервисот
- Месечен надомест за одржување на e-commerce сервисот овозможен со дополнителна функционалност “pay by link” - 1500 денари, независно од остварениот промет преку e-commerce сервисот
- Месечен надомест за одржување на e-commerce сервисот овозможен со API функционалност – 2000 денари, независно од остварениот прометот преку e-commerce сервисот
Изменетите тарифни ставки ќе влезат во примена од 1 Март 2025 г.
Одржувањето на ПОС терминалите е банкарска услуга во рамките на која Банката им обезбедува на своите клиенти:
- Бесплатен ПОС терминал за прифаќање на картички од меѓународните платежни брендови или виртуелен (e-commerce) ПОС терминали интегриран со интернет продавницата
- Бесплатни потрошни материјали поврзани со ПОС терминалот, хартиени траки и сл.
- Гаранција и бесплатно сервисирање на ПОС терминалите како и поддршка и консултација при работењето со вритуелните (e-commerce) ПОС терминали
- Комуникациска врска (вградена СИМ картичка) со процесинг центарот на банката за извршување на платежните трансакции
- Финансиски извештаи (расположливи преку дигиталното банкарство) за увид и контрола на процесираните трансакции со платежните картички 24/7 подршка во активностите поврзани со финансиска подршка за картичните трансакции извршени преку ПОС терминалот
Стопанска Банка АД - Скопје
На ваша страна