Измена на тарифа за надоместоци - ПОС терминали
Ве известуваме дека Стопанска банка АД – Скопје изврши измена во надоместоците за правни лица кои прифаќаат платежни картички преку ПОС терминали.
Измените се во месечниот надомест за одржување на ПОС терминали при што износите од 10 јануари ќе изнесуваат:
- Месечниот надомест за одржување на ПОС терминали со промет помеѓу 20.000 – 50.000 денари изнесува 360 денари (се зголемува за 60 денари)
- Месеченот надомест за одржување на ПОС терминали со промет над 50.000 денари изнесува 180 денари месечно
Изменетите тарифни ставки ќе влезат во примена од 10 Јануари 2024 г.
Одржувањето на ПОС терминалите е банкарска услуга во рамките на која Банката им обезбедува на своите клиенти:
- Бесплатен ПОС терминал за прифаќање на картичките на картички од меѓународните платежни брендови или виртуелен (e-commerce) ПОС терминали интегриран со интернет продавницата
- Бесплатни потрошни материјали поврзани со ПОС терминалот, хартиени траки и сл.
- Гаранција и бесплатно сервисирање на ПОС терминалите како и подршка и консултација во врска во работењето со вритуелните (e-commerce) ПОС терминали
- Комуникациска врска (вградена СИМ картичка) со процесинг центарот на банката за извршување на платежните трансакции
- Финансиски извештаи (расположливи преку дигиталното банкарство) за увид и контрола врз процесираните трансакции со платежните картички чија наплата се прифаќа
- 24/7 подршка во активностите поврзани со финансиска подршка за картичните трансакции извршени преку ПОС терминалот
Стопанска Банка АД - Скопје
На ваша страна