Информација за прекин на услугите
23. 3. 2022
Информација за прекин на услугите
ДОПОЛНУВАЊЕ - во 9:25 системите беа целосно достапни и прекинот надминат
Почитувани клиенти,
Утрово настана технички проблем кој предизвика недостапност на филијалите и банкоматите на Банката, па истите во моментов не можат да ги услужуваат клиентите.
Нашиот IT сектор заедно со дополнителни технички служби ревносно работи на надминување на прекинот и нормализирање на услугите достапни преку филијалите, банкоматите и POS терминалите кај трговците.
Ви благодариме на разбирањето и се извинуваме за моменталната недостапност.
Со почит,
Стопанска банка АД - Скопје