header image

Информација за новиот пристап при утврдување на нефункционална кредитна изложеност за физички лица

 

 

5.1.2024

 

ИНФОРМАЦИЈА ЗА НОВИОТ ПРИСТАП ПРИ УТВРДУВАЊЕ НА НЕФУНКЦИОНАЛНА КРЕДИТНА ИЗЛОЖЕНОСТ ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА

 

Согласно Одлука за методологијата за управување со кредитниот ризик објавена во Службен весник на РСМ број 57/2023, донесена од Народна банка на Република Северна Македонија (НБРСМ), која стапи во сила на 01.01.2024 година, се менува пристапот во утврдување на нефункционалната кредитна изложеност на кредитните обврски. Новата Методологија ќе се применува како на новите кредитни изложености, така и на постоечките кредитни изложености кои се одобрени пред 01.01.2024 година. Во продолжение се дадени некои аспекти од новата Методологија кои се однесуваат на кредитните изложености одобрени на физички лица.

  1. Пренос во нефункционална кредитна изложеност

Преносот на една кредитна изложеност во категоријата на нефункционална кредитна изложеност се врши доколку износот на достасаните побарувања кон клиентот по било кој основ (главница, камата, други некаматни побарувања) не е наплатен подолго од 90 последователни дена сметано од денот кога достасаниот износ го надминал прагот на значајност, кој претставува најмалку 6.000 денари достасани побарувања на конкретниот кредитен производ и воедно достасаниот износ претставува најмалку 1% од целата кредитна изложеност по конкретниот кредитен производ.

За разлика од пристапот кој беше важечки до 31.12.2023 година, кога карактер на нефункционална кредитна изложеност одобрена на физички лица добиваше само конкретниот кредитен производ кој ќе ги исполнеше условите за означување на кредитната изложеност како нефункционална, со промените од 01.01.2024 година, се воведува начелото на заедничка кредитна изложеност и контаминирана кредитна изложеност на клиентот-физичко лице. Со примената на овие две нови начела, поради нередовноста во отплатата на други кредитни обврски каде клиентот се јавува во својство на кокредитобарател или нередовноста во подмирувањето на други кредитни обврски на самиот клиент, под одредени услови сите кредитни производи на клиентот може да добијат карактер на нефункционална кредитна изложеност, вклучувајќи ги и оние кои се редовни во отплатата.

Под заедничка кредитна изложеност се подразбира вкупниот износ на изложеност кон два или повеќе клиенти (кокредитобаратели) коишто се подеднакво одговорни за извршување на обврските коишто произлегуваат од заедничката кредитна изложеност одобрена од банката. Со примена на начелото на заедничка кредитна изложеност, доколку кредитната изложеност каде што клиентот се јавува во својство на кокредитобарател добие третман на нефункционална кредитна изложеност и воедно оваа кредитна изложеност изнесува најмалку 20% од вкупната билансна кредитна изложеност на клиентот, во тој случај сите кредитни изложености на клиентот каде што се вклучени истите учесници од нефункционалната кредитна изложеност или дел од учесниците во нефункционалната кредитна изложеност или каде што клиентот е единствен учесник (кредитобарател) добиваат карактер на нефункционална кредитна изложеност без оглед на редовноста во отплатата на тие обврски.

Под контаминирана кредитна изложеност се подразбира вкупниот износ на изложеност на СБ кон еден клиент- физичко лице, каде тој клиент се јавува како единствен учесник (кредитобарател) на два или повеќе кредитни производи одобрени од СБ (во кои не се вклучени кокредитобаратели). Со примена на начелото на контаминација, доколку една од кредитните изложености добие третман на нефункционална кредитна изложеност и воедно оваа кредитна изложеност изнесува најмалку 20% од вкупната билансна кредитна изложеност на тој клиент, во тој случај сите кредитни изложености на клиентот каде истиот се јавува како единствен учесник (кредитобарател) добиваат карактер на нефункционална кредитна изложеност без оглед на редовноста во отплатата на тие обврски.

  1. Исклучување од нефункционална кредитна изложеност

Кредитна изложеност којашто има третман на нефункционална кредитна изложеност може да се исклучи од оваа категорија доколку се исполнети следниве услови:

-Поминати се најмалку 90 последователни дена од денот кога престанале да бидат исполнети критериумите за ненаплатена кредитна изложеност, односно кредитната изложеност била редовна во отплатата (не е надминат прагот на значајност кој се состои од апсолутна и релативна компонента);

-Банката спроведува анализа на редовноста на клиентот во намирувањето на неговите обврски и на неговата финансиска состојба.

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња" кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња" давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата". За други опции, одете во „Поставки за колачиња". Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство. За повеќе информации, посетете ја нашата Политика за колачиња.