
Новости
Соопштенија
Информација за извршени измени и дополнувања на Рамковниот договор
5. 3. 2025
Информација за извршени измени и дополнувања на Рамковниот договор
Почитувани,
Ве известуваме дека Стопанска банка АД - Скопје изврши измени и дополнувања на Рамковниот договор за платежни услуги и на Општите правила и услови, составен дел на Рамковниот договор, со примена од 10.05.2025 година, па во иднина до следно известување.
Измените и дополнувањата во Рамковниот договор се однесуваат на:
- измена на начинот на известување за достапност на ажурираната верзија од Рамковниот договор и
- дополнување на одредби за формата во која Корисникот на платежни услуги врши авторизација на платежни трансакции.
Рамковниот договор и Општите правила и услови, составен дел на Рамковниот договор, со сите нивни измени и дополнувања интегрирани во документите (ажурирани последни верзии) се достапни во електронска верзија на веб-порталот на Банката за персонализиран пристап за известувања и документи за платежни услуги, со внесување на ЕМБГ/ИД број на корисникот и број на платежна сметка, на видно место на веб-страницата на Банката и во печатена форма во филијалите на Банката.
Воедно, клиентите кои немаат доставено важечки контакт податок за мобилен телефонски број и/или електронска пошта, ги повикуваме заклучно со 01.06.2025 година лично во некоја од филијалите на Банката да достават валидни контактни податоци за мобилен телефонски број и/или електронска пошта, кои служат како кореспонденција помеѓу банката и клиентот, како корисник на платежни услуги. Доколку најдоцна до горенаведениот датум клиентите не ги достават бараните контактни податоци, сите наредни известувања кои Банката ги доставува согласно Законот за платежни услуги и платни системи и Рамковниот договор ќе бидат единствено достапни на веб-порталот на Стопанска банка АД - Скопје за персонализиран пристап за известувања и документи за платежни услуги, без понатамошна обврска Банката да известува за нив на друг начин освен преку горенаведениот веб-портал.
Со почит,
Стопанска банка АД – Скопје