header image

Информација за измени во тарифите за физички лица

24. 12. 2021

Информација за измени во тарифите за физички лица

 

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека Стопанска банка АД – Скопје, воведува нови и врши измена на некои од постојните надоместоци во тарифата за физички лица, при што ги утврдува следните надоместоци:

-    Надоместок за подигнување на готовина од сметките во МКД од шалтерите на СБ, во висина од 30 денари, по трансакција, без оглед на висината на подигнатиот износ – во примена од 05.01.2022.
-    Надоместок за подигнување на готовина од девизни сметки од шалтерите на СБ, во висина од 30 денари во соодветната противвредност, по трансакција, без оглед на висината на подигнатиот износ – во примена од 05.01.2022.
-    Надоместок за водење на девизни сметки со активност во месецот, во висина од 30 денари месечно во соодветната противвредност, при што активна сметка е онаа сметка на која се евидентирани клиентски иницирани кредитни и дебитни трансакции извршени во текот на календарскиот месец - во примена од февруари 2022.

За детален увид во актуелните надоместоци обратете се во Филијалите на Банката, во 24/7 Контакт Центарот на (02)3100-109 или на официјалната тарифа објавена на веб страницата.

Секој клиент на Банката, го задржува своето право и можност да го уреди, измени или прекине деловниот однос со Банката со доставување на писмено барање во Филијалите на Банката, во спротивно ќе се смета дека трошокот е прифатен и дека Банката има право да го наплатува истиот.

Стопанска банка АД - Скопје

 

 

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња" кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња" давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата". За други опции, одете во „Поставки за колачиња". Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство. За повеќе информации, посетете ја нашата Политика за колачиња.