Донација на маски и визири за нашите болници и клиники
08.05.2020г
Донација на маски и визири за нашите болници и клиники
Здравствените работници во оваа актуелна глобална борба се наоѓаат во првите редови и потребна е нивна постојана заштита и внимание. Затоа, Стопанска банка покрај медицинската опрема обезбеди донација од маски и визири и за следните јавни здравствени установи во Републиката, за да покажеме наша благодарност и посветеност за заедницата.
Со овој чин испраќаме поддршка и благодарност и секако потврда дека не се заборавени, туку постојано се во нашите мисли.
• ЈЗУ општа болница - Куманово
• ЈЗУ Здравствен дом - Скопје
• ЈЗУ Специјална Болница по Гинекологија и Акушерство “Мајка Тереза” – Чаир
• ЈЗУ клиничка болница – Штип
• ЈЗУ општа болница „Борка Талески“ - Прилеп
• ЈЗУ Клиничка болница - Тетово
• ЈЗУ Клиничка болница - Битола
• ГОБ 8ми септември – Скопје
• ЈЗУ Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство - Скопје
Стопанска банка АД - Скопје
На ваша страна