header image

ДОМА е поубаво со новиот „Магнолија парк“

24. 12. 2024

 

ДОМА е поубаво со новиот „Магнолија парк“

 

Стопанска банка, го круниса својот 80ти јубилеј со донација на 80 школувани садници од врстата Magnolia Grandiflora и заедно со претставници од Град Скопје отвори нов „Магнолија парк“ во рамки на градскиот парк во Скопје.

Високите садници и патеките кои се изградени низ новиот парк ќе бидат вистинско уживање за сите посетители на паркот, но во исто време ќе бидат од големо значење за животната средина – преку чистиот воздух, храната за поленаторите, како и новиот дом за останатиот животински свет кој гравитира во паркот.

Стопанска банка преку проектот #ЗеленЅид веќе 2 цели години засадува зимзелени и листопадни садници на повеќе локации во Градот со пролетна и есенска акција, и притоа создава подобра зелена иднина за сите.

Дел од промоцијата на новиот парк беа сегашните и пензионираните вработени на Банката кои добија благодарност за својот придонес во работата, но и посвета и можност да го засадат дрвото посветено ним и на сите идни вработени кои ќе растат заедно со Стопанска банка во годините што доаѓаат. Присутните заклучија дека ДОМА е поубаво со новиот „Магнолија парк“ и дека ќе се грижат за своите дрвја, што за Банката претставува поттик за понатамошни партнерски соработки со јавните институции во полза на граѓаните и на заедницата.

Голема благодарност до Градот Скопје кои се наши партнери во проектот #ЗеленЅид. Грижата за досега засадените 2.000 садници е на ЈП Паркови и зеленило со кои се планира и гради градското зеленило, но и на нашите колеги кои учествуваат во секоја акција и на секој наш сограѓанин затоа што зеленилото е од заеднички интерес.

Стопанска банка АД – Скопје
80години, на ваша страна

За донацијата:
Магнолија паркот се наоѓа на почетокот на градскиот парк, од влезот од бул. Илинден покрај ЗОО Скопје. Се протега на површина од 2000м2 и се состои од 2 пешачки патеки и 80 х 6 годишни стебла од врстата Magnolia Grandiflora. Изборот на дрвјата чиј симбол се впечатливите розови цветови е направен бидејќи наликува на корпоративните бои на Стопанска банка, но и да создаде атрактивна нова содржина во градот која со секоја измината година ќе биде се поубава и побогата.
Стеблата претходно беа контролирани од Факултет за земјоделски науки и храна - Скопје при УКИМ во Скопје и Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и eкоинженеринг „Ханс Ем“ вклучително и почвата кај што се засадени со препораки за прихрана. Во следните денови ќе биде поставена и водоводна мрежа за постојано наводнување на принципот капка-по-капка за одржливост на садниците на долг рок.
Изведбата на паркот и засадувањето на дрвјата беше реализирана од ЈП Паркови и зеленило и ЈП Улици и патишта.

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња" кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња" давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата". За други опции, одете во „Поставки за колачиња". Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство. За повеќе информации, посетете ја нашата Политика за колачиња.