header image

Доделен автомобилот TESLA на среќниот добитник во наградната игра на Стопанска банка

24. 11. 2023

 

Доделен автомобилот TESLA на среќниот добитник во наградната игра на Стопанска банка

 

Најсреќниот добитник во големата наградна игра на Стопанска банка, Ацо Савиќ, вчера (23 ноември) пред просториите на Банката во центарот на Скопје ги доби клучевите од новиот автомобил TESLA model 3. Автомобилот е главната награда од наградната игра на Стопанска банка со Mastercard платежните картички „Најбрзо до Тесла возило со СБ”, која траеше од 1 јули до 31 октомври.

Наградната игра беше поттик за клиентите кои се корисници на Mastercard картичките од Стопанска банка да ја зголемат употребата на картичките во секојдневните плаќања, поттикнувајќи ги безготовинските плаќања во прометот, наместо употребата на готовината. Дополнителни прилики за учество во наградната игра се добиваа со плаќање на рати, купување онлајн и со користење на новата можност за плаќање преку Google Pay мобилниот дигитален паричник, што за првпат беше овозможен за користење во нашата земја оваа година. Во извлекувањето за главната награда за период од четири месеци се квалификуваа речиси 7 милиони трансакции, што е уште поголема сатисфакција за добитникот со оглед на големата конкуренција.

На доделувањето на наградата, генералниот извршен директор на Стопанска банка АД – Скопје, г. Диомидис Николетопулос, му ги предаде клучевите од возилото на добитникот и му посака многу здравје и уште повеќе среќа понатаму во животот.



Добитникот е долгогодишен клиент на Банката кој се заблагодари за наградата и истакна дека таа претставува големо задоволство за целото семејство со кое беше присутен на доделувањето.


Во рамки на наградната игра, покрај главната награда беа доделени и 12 х Garmin часовници, 4 х парични награди по 50.000 денари и 4 х парични награди по 100.000 денари. Им честитаме на сите 21 добитници и им посакуваме многу среќа и понатаму.

Стопанска банка АД - Скопје соработува со картичниот бренд Mastercard од 2009 година и за кратко време Банката стана еден од најзначајните партнери и издавачи на овој картичен бренд во нашата земја. Банката е посветена на продолжување и унапредување на соработката со MasterCard и благодарни сме на соработката и на поддршката што ја добиваме од тимот на Mastercard со кој заеднички успеваме да создадеме успешна приказна со големо и растечко семејство на задоволни корисници. Продолжуваме заедно да создаваме интересни и атрактивни понуди за корисниците на платежните картички, но и за распространетата трговска мрежа која ги прифаќа картичките.

Стопанска банка АД - Скопје
На ваша страна


 

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња“ кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата“. За други опции, одете во „Поставки за колачиња“. Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство.