header image

Cyber Monday @i-bankstore

26.11.2018

 

Одржавме online shopping маратон со нашите клиенти

 

Во насока на поголема промоција на користењето на сервисот електронска трговија (e-commerce) како и инспирирани од најголемите e-commerce настани BlackFriday и CyberMonday, Стопанска банка  АД – Скопје организираше настан под името „Cyber Monday во i-bank store” за своите клиенти на 26ти ноември во периодот од 15 до 18 часот.

Дополнително, настанот имаше за цел да се поттикнат клиентите, корисници на платежнио картички, да купуваат онлајн затоа што со настанот направивме еден вид едукација за тоа колку брзо и едноставно може да се одвива целиот процес на купување и плаќање онлајн и секако колку е овој процес побезбеден со оглед на тоа што сите платежни картички на Стопанска банка се со 3D Secure стандарди за безбедност.


За учество на настанот интерес пројавија над 450 клиенти, а 30мина беа извлечени по случаен избор. Учесниците добија специјално изработена платежна картичка со 5.000 денари кои ги потрошија на веб страниците на нашите трговци корисници на e-commerce сервисот, за индивидуално време од 10 минути.

За време на настанот, потрошени беа над 100.000денари и купени повеќе од 40 различни производи.

 

Електронската трговија (e-commerce) како сервис постои одамна и е доста застапен насекаде во светот, а во последните години се поголем е бројот на компании во Македонија исто така одлучуваат да ги прошират своите продажни активности преку отварање на интернет продавници со кои стануваат глобално достапни за купувачите. Повеќе од 40% од трансакциите направени со електронска трговија во Македонија, се реализирани преку e-commerce услугата на Стопанска банка.

 

Клиентите кои се заинтересирани да дознаат повеќе за 3D Secure безбедносните стандарди за онлајн купување може да ја посетат нашата веб страница или да ги консултираат колегите во филијалите.
Правните лица кои се заинтересирани да работат локално а да продаваат глобално користејќи го нашиот e-commerce сервис ги повикуваме да не посетат и да ги дознаат сите услови неопходни за започнување на оваа следна авантура за својот бизнис.

 

Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна

 

 

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња" кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња" давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата". За други опции, одете во „Поставки за колачиња". Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство. За повеќе информации, посетете ја нашата Политика за колачиња.