header image

Четврто Microsoft Office Specialist финале во i-bank store

29.05.2019

 

Четврто Microsoft Office Specialist финале во i-bank store

 

Го имаме овогодинешниот Microsoft Office Specialist шампион кој ќе не претставува на светскиот натпревар во Њујорк


Во рамки на проектот за унапредување на дигиталната писменост на младите во Р. Северна Македонија денеска по четврт пат во просториите на i-bank store филијалата на Стопанска банка АД – Скопје се одржа финалето на националниот MOS (Microsoft Office Specialist) со кој Македонија го доби својот претставник за светскиот натпревар.
На овогодинешното финале во кој учествуваа најдобрите 40 млади од речиси 700 пријавени лица победи Ана Марија Атанасовска од скопската гимназија Раде Јовчевски - Корчагин, под менторство на професор Жаклина Прекиќ. Како шампион на Националниот MOS (Microsoft Office Specialist) натпревар Ана Марија ќе ја претставува на светскиот Mнатпревар кој традиционално се одржува во САДи каде учество земаат шампиони од 120+ земји во светот.
Според организаторите на МОС натпреварот, Certiadria, од година во година интересот расне.

 


Според организаторите на МОС натпреварот, Certiadria, од година во година интересот расне.


Посебно сме горди што бројот на млади кои работат на подобрување на нивната дигитална писменост се зголемува, што во минатото не беше пример. И честитаме на Ана Марија за освоенот прво место и и посакуваме успех во Њујорк на светскиот натпревар. Голема багодарност до сите поддржувачи на овој настан кои овозможија да препасне во традиција. Сакам да напоменам дека сите учесници кои ги положија испитите се стекнаа со меѓународни сертификати, со што го потврдија достигнатото ниво на дигитална писменост и вештини неопходни за понатамошен успех и кариерен развој„ - изјави Марко Серафимовски, директор на Certiadria.

 

На финалето од МОС натпреварот свое обраќање имаше и Милица Чапаровска – Јовановска, Генералниот директор за банкарство на мало од Стопанска банка – АД Скопје кои традиционално го поддржуваат овој натпревар со обезбедување на трошоците за патувањето на победникот и менторот на светскиот натпревар во САД.
По четврт пат ја имаме честа да сме домаќини на еден од најголемите предизвици достапни за младите ученици во Македонија. На овој натпревар учество земаат претставниците на идните генерации и нивната посветеност, упорност и успех се огромна надеж за подобра и посигурна иднина за нашата земја. Искрени честитки за сите учесници, а секако посебни честитки за победникот и нејзината можност да се натпреварува и на глобално ниво и да ги запознае своите врсници од целиот свет. Стопанска банка АД – Скопје продолжува да инвестира во поддршката на младите преку вакви проекти, преку ТОПСИ платформата и секако преку можноста за волонтирање, работна пракса и вработување.

 


Валентина Тасева, директор на Семос Едукација во своето излагање им се обрати на натпреварувачите: “Не престанувајте да ги градите своите знаења и вештини на сите полиња, сега и постојано. Вашиот дом е целиот свет. Градете го својот глобален дом со знаење. Само така ќе направите поубаво место за живеење за сите. Веруваме во вас. Вие сте иднината”.

 

На финалето, свое обраќање до јавноста имаше и претставникот на Град Скопје кој е партнер во организирањето и спроведувањето на МОС натпреварот.
Како и минатата година така и оваа Градот Скопје обезбеди бесплатно тестирање за 500 учесници. Ме радува фактот што со поддршка на овој проект им овозможивме на учениците бесплатно да ги полагаат испитите и да се стекнат со меѓународно признат МОС сертификат. За оваа година, набавиме 500 испити од кои 450 MOS и 50 АCA. Со задоволство можам да констатирам дека од година во година е сѐ поголем бројот на средношколци коишто учествуваат на натпреварот и преку добивање на овој светски признат сертификат го валоризираат своето знаење. Во текот на изминатите години, Градот директно поддржа 1750 ученици овозможувајќи им бесплатно полагање на МОС испитите, но оваа наша пракса ќе ја продолжиме и во иднина со цел на што повеќе млади луѓе да им дадеме можност да се стекнат со овој сертификат.“ – изјавија од Град Скопје.  

 

 

Популарните јутјубери исто така го поддржаа настанот со своето присуство.

------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
ЗА Мicrosoft Office Specialist НАТПРЕВАРОТ:

 

Натпреварот се одржува четврта година по ред и е во организација на Certiadria, со поддршка од многу компании, државни институции и општини, меѓу кои: Град Скопје, Општина Куманово, Семос Едукација, Стопанска банка АД - Скопје, Макпетрол А.Д. Скопје и др.
MOS (Microsoft Office Specialist) натпреварот е наменет за млади лица на возраст од 13 до 22 години, односно за сите ученици од основните и средните училишта, како и студентите на факултетите. Учесниците на овој натпревар имаат можност да ги покажат своите вештини во познавање на Microsoft Office алатките: Word, Excel и PowerPoint (2013 или 2016).

 

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња“ кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата“. За други опции, одете во „Поставки за колачиња“. Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство.