header image

Банката прослави 75 години од основањето со Гала концерт

10.10.2019

 

Банката прослави 75 години од основањето со Гала концерт

 

Како ретко која компанија на пазарот, Стопанска банка АД - Скопје прославува 75 години постоење и не само тоа, прославува 75 години вткаеност во растот, развојот, инфраструктурниот и индустрискиот напредок на националната економија.

 

Овој значаен јубилеј, беше повод Банката да организира за своите клиенти и соработници, Гала концерт подготвен од врвните македонски музичари Влатко Стефановски и Џијан Емин кои подготвија уникатно искуство за посетителите. Со нови оркестрации и преработки на добро познатите хитови од Влатко Стефановски, Џијан Емин го диригираше оркестарот и хорот на Националната Филхармонија на задоволство на присутните.

 

На настанот, свое обраќање имаа г. Диомидис Николетопулос, Генерален извршен директор на Стопанска банка АД - Скопје како и г. Пол Милонас, Генерален извршен директор на NBG Групацијата кои се осврнаа на историјата на Банката, нејзината значајна улога во банкарскиот сектор но и во економијата пошироко, а секако дадоа свои прогнози и планови за перпективите на државата но и за иднината на Банката во рамки на Групацијата.

 

Според г. Николетопулос, Банката е и продолжува да биде здрава банка, со цврста основа и одлични перформанси, со развиена корпоративна култура и одлично корпоративно управување, прудентно управување со ризиците, динамична и отворена Банка за соработка со клиентите. За ова да биде остварливо посебно сме благодарни на клиентите за нивната доверба, на вработените сегашни и минати за вложениот труд и посветеност и на NBG групацијата која несебично вложува во создавање на современа Банка секогаш подготвена за барањата и потребите на клиентите.

 

Според г. Милонас, Стопанска банка ја дели визијата на NBG групацијата да биде прв избор за банка за клиентите испорачувајќи соодветен совет за остварување на своите планови и амбициии. Што се однесува до односот на NBG групацијата кон Банката, можам да кажам дека ќе продолжиме да ги фокусираме своите активности во Стопанска банка со цел Банката да биде регионален хаб за активностите на Групацијата и во регионот.

 

Оваа централна прослава е само дел од активностите на Банката за одбележување на значајниот јубилеј. Следуваат повеќе активности со кои Банката ја потенцира и својата хумана страна преку донациите и кампањите со кои се адресираат предизвиците на современото општество.

 

Стопанска банка АД - Скопје

75 години на ваша страна

 

 

Диомидис Николетопулос - Генерален Извршен Директор на Стопанска банка АД - Скопје

Пол Милонас - Генерален Извршен Директор на NBG Групацијата

 

Влатко Стефановски - гитара, вокал, автор

Џијан Емин - оркестрации и диригент

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња“ кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата“. За други опции, одете во „Поставки за колачиња“. Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство.