header image

Апарат за механичка вентилација - респиратор за Клиниката за инфективни болести, донација од Стопанска банка АД - Скопје

Пандемијата на COVID-19, новиот корона вирус, предизвикува нестандарден притисок врз здравствениот систем и здравствените работници. Оттука, најголема поддршка е потребна токму за нив и нивната пожртвуваност благодарение на кои ситуацијата се држи под контрола и се обезбедува максимална грижа за заболените и спречување на ширењето на болеста.

Во знак на поддршка, Стопанска банка АД - Скопје денес за Клиниката за инфективни болести набави на апарат за механичка вентилација - респиратор, опрема која во консултација со Министерството за здравство беше посочена како неопходна за третирање на заболените од COVID-19 кои покажуваат потешки симптоми на болеста.

Се надеваме дека опремата во вредност од 42.000 евра која Банката ја донираше на Клиниката за инфективни болести ќе помогне во оваа заедничка борба и дека сите граѓани разумно и совесно ќе придонесат кон побрза и полесна разрешница на оваа пандемија.

Стопанска банка традиционално годишно донира разновидна медицинска опрема за Клиничкиот центар со што помага голем број пациенти да добијат пристап до современи медицински услуги без дополнителни трошоци и за пациентите и за државата.

Банката во овој период поддржува и промовира препораките и мерките на Владата на Република Северна Македонија во врска со борбата против ширење на вирусот. Во рамки на мерките, Банката обезбеди поголема заштита за клиентите и вработените, се откажа од провизиите за електронско банкарство за физички лица, затвори дел од филијалите и го регулира влезот за клиентите во филијалите кои работат а притоа се воведе и вонредна дезинфекција на сите работни простории и банкомати. 

Клиентите продолжуваат да добиваат непречена услуга, но и препораки зачестено да ги користат дигиталните услуги и да избегнуваат посета на филијали.

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна

Аплицирај online

МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња“ кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата“. За други опции, одете во „Поставки за колачиња“. Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство.